за

Renault, Nissan и Mitsubishi си поставија нови правила за соработка

Renault, Nissan и Mitsubishi си поставија нови правила за соработка
Renault, Nissan и Mitsubishi си поставија нови правила за соработка

Групацијата Renault, јапонскиот партнер Nissan и корпорацијата Mitsubishi, како членови на една од водечките автомобилски алијански во светски рамки, денес одредија нов модел на соработка, со цел да се зголемат конкурентноста и профитабилноста на секоја страна во сојузот.

Основата на сојузот ќе ја сочинува заедничката набавка, според познатиот скалест принцип – за производство и испорака на повеќе компоненти од добавувачите, следува и пониска цена. Ќе се зема предвид и дали одредена марка е посилна во одредени региони во светот и соодветно на тоа ќе биде подржана од останатите партнери.

Трите компании ја поставија следната шема за соработка:
  • Поголема примена на заеднички компоненти, почнувајќи од платформи, до цели каросерии.
  • Во секој сегмент ќе се одредува по еден „водечки“ модел, а компанијата што го има тој модел ќе ги развива и неговите изведби за марките на партнерите; Притоа ќе се гарантира дека секој одделен модел според овој принцип, ќе биде конкурентен на пазарот
  • Претходно наведениот принцип на „водечки и пратечки модели“ веќе се применува кај доставните возила; Тој ќе продолжи да се применува во овој сегмент

Од принципот на водечки и пратечки модели се очекува да донесе заштеда до 40% по возило. Партнерите во алијансата ќе ги распределат улогите на светскиот пазар зависно од тоа, во кои региони одредена марка има поголемо и повлијателно присуство. Соодветно на тоа, секој партнер ќе се посвети повеќе на „своите“ региони.

renault symbioz

Според ова поделба на улогите, Nissan ќе биде одговорен за Кина, Северна Америка и Јапонија, Renault ќе има надлежност над Европа, Русија, Јужна Америка и Северна Африка, додека Mitsubishi Motors ќе биде задолжен за пазарите во десетте држави во југоисточна Азија (Индонезија, Малезија, Филипини, Тајланд и др.) и Океанија.

Обновувањето на СУВ-моделите од компакт класата по 2025 година ќе го предводи Nissan, додека Renault ќе биде задолжен за СУВ-моделите во класата на градските автомобили за европскиот пазар.

Во Латинска Америка, место сегашните четири модели од B-сегментот, ќе се нудат само два модели, на Renault и Nissan. Во југоисточна Азија и Јапонија ќе продолжи соработката меѓу Mitsubishi и Nissan во сегментот на мини-автомобилите.

Во поглед на надлежноста над технологиите, марките ќе ги имаат следните улоги:

Nissan ќе го развива автопилотираното возење

Renault ќе развива конективност врз база на Android, додека Nissan на ова поле ќе биде задолжен во Кина

Renault ќе ја развива основната платформа за возилата со електричен погон

Благ хибриден погон и други основни нивоа на електрификација ќе развиваат Renault и Nissan

Mitsubishi останува надлежен за плагин-хибридниот погон за модели од компакт и средната класа (Outlander PHEV и др.)

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Nivus има нов модел за Бразил, се планира и Европа

Volkswagen има нов модел за Бразил, се планира и Европа

Piaggio со уште една одбрана од плагијатите на Vespa

Piaggio со уште една одбрана од плагијатите на Vespa