за

Renault и Nissan НЕ се раздвојуваат

renault nissan zastiten znak zaedno
renault nissan zastiten znak zaedno

Renault и Nissan ги отфрлија медиумските објави околу наводното раскинување на долгогодишната алијанса. Меѓу францускиот и јапонскиот производител сепак остануваат одредени несогласувања.

Алијансата меѓу Renault и Nissan подолг период е под притисок. Напнатоста се зголеми нагло пред околу една година, откако Карлос Гон, поранешниот шеф на автомобилскиот сојуз, беше приведен во Јапонија. Тој се најде под обвинение дека прикривал дел од својата добивка. Според шпекулациите, целта е да се спречи воспоставување потесна соработка меѓу двата големи производители.

Имајќи ги на ум овие состојби, сосем е веродостојна веста што проструи пред неколку денови, за наводните планови Nissan да излезе од сојузот со Renault. Двете компании денес ги отфрлија овие шпекулации како невистинити.

„Алијансата е темелот на конкурентноста на Nissan“, објави јапонскиот производител. Nissan планира и натаму „да ги користи вин-вин резултатите од сите компании што учествуваат“. Претседателот на Renault, Жан-Доминик Сенард, за белгискиот L‘Echo изјави дека алијансата е „солидна, робусна, далеку од мртва.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bentley Bentayga Speed за 16 денови од нула до готов автомобил

Bentley Bentayga за 16 денови од нула до готов автомобил

Kia и Надал ги претставија 130-те возила за тенискиот турнир во Мелбурн

Kia и Надал ги претставија 130-те возила за тенискиот турнир во Мелбурн