за

Можен продолжеток на преговорите меѓу Renault и Fiat

Renault pregovori sprotivna nasoka
Renault pregovori sprotivna nasoka

Renault испратил предупредување до партнерот Nissan, дека ќе ги блокира најавените промени кај јапонскиот производител на автомобили. Во меѓувреме се подготвува и продолжување на преговорите за спојување со Fiat Chrysler.

Некогаш примерната соработка меѓу Renault и Nissan подолго време е во криза, откако шефот Карлос Гон доби пријава за финансиски проневери и ги напушти шефовските позиции. Како што пишува германскиот „Франкфуртер Алгемајнен Цајтунг“, сега Renault се заканува дека нема да даде поддршка за реформите што ги најави менаџментот на Nissan.

Со удел од 43,3 проценти во акциите, Renault има право да ги блокира промените во Nissan. Заканата следи откако претставниците на Renault во управниот совет на Nissan претходно се согласија да ги подржат промените. Жан Доминик Сенард, претседателот на управниот совет на Renault, сега бара францускиот производител да добие поголемо влијание во новиот менаџерски состав на Nissan.

Уште не се завршени преговорите за спојување со Fiat

Според агенцијата Ројтерс, Renault и Fiat Chrysler во меѓувреме се подготвуваат за вториот круг преговори околу спојувањето. Постои можност Renault да се откаже од значаен удел во Nissan, а како надомест за тоа, Јапонците да дадат поддршка за спојувањето со Fiat.

Fiat Chrysler на 6-ти јуни одненадеж се повлече од преговорите и го образложи тоа со отсуството на политички предуслови во Франција. Државата учествува со 15 проценти во акциите на францускиот производител на автомобили. Владата тогаш побара, во текот на преговорите да се обезбедат гаранции за задржување на работните места и на фабриките во земјата, како и Nissan да учествува во спојувањето со итало-американскиот концерн.

Fiat го откажа предлогот за спојување со Renault

Спојување на Renault и Fiat веќе во следната недела

Што ќе донесе мега-спојот меѓу Fiat и Renault?

Fiat и Renault преговараат за соработка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes GLB

Бушава абецеда според Mercedes: Меѓу GLA и GLC доаѓа GLB

volkswagen e-golf bojmer 111km

Првиот електричен Golf за четири и пол години извозе 111.111 km