за

Односите меѓу Renault и Nissan повторно во мирни води

Renault и Nissan се спогодија околу дел од споровите. Французите во иднина ќе имаат посилен збор во Nissan и за возврат ќе се согласат Јапонците да ја реализираат планираната реформа во својата компанија. Спојувањето на двете компании и натаму е отворено прашање.

Во автомобилскиот сојуз меѓу Renault и Nissan постоеја несогласувања уште пред приведувањето на поранешниот шеф Карлос Гон. Во меѓувреме, повторно се приближуваат позициите. Двата големи производители на автомобили се спогодија, шефот на управниот одбор на Renault, Жан-Доминик Сенард, во иднина да биде застапен во комисијата за номинирање на Јапонците. Дополнително, шефот на Renault, Тиери Болоре, ќе добие фотелја во надзорниот комитет во Nissan. За возврат, Renault ќе се согласи јапонскиот партнер да ја реализира планираната реформа во своите редови.

Renault се избори за предност во ова спротивставување на моќите меѓу двајцата сојузнници. Французите поседуваат удел од 43 проценти и имаат соодветно големо влијание во Nissan. Карлос Гон пред повеќе години го спаси Nissan од банкрот, како тогашен шеф на Renault. Денес се сменети улогите и Nissan е поуспешен од Renault, што им дава поголема самоувереност на Јапонците. Тие стравуваат дека во случај на спојување со Renault ќе им се зацементираат сегашните позиции, а тоа не му одговара на јапонскиот партнер. Преговорите за спојување меѓу Renault и Fiat Chrysler, без Nissan, предизвика дополнителна неизвесност.

Renault Zoe, електричен, од трета генерација

Renault во посилен сојуз со Nissan и Mitsubishi по откажувањето на Fiat

Новиот Renault Clio стартува од 14.100 евра на францускиот пазар

Renault Koleos доби нови мотори и вози покомфорно

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pininfarina Battista salon torino

Pininfarina Battista со 1.900 КС ѕвезда на салонот во Торино

Ford ги претвора пластичните шишиња во патосници

Ford изрaботува патосници од милијарда шишиња годишно