за

Renault-Nissan со рекордна продажба на електрични возила

Француско-јапонската алијанса ги објави продажбите за ланската година. Со Mitsubishi како нов партнер, Renault и Nissan продале 9.961.347 возила, што значи дека секое девето возило продадено лани потекнувало од марките на алијансата. Нов рекорд за продукцијата на електрични возила: Вкупно 424.797 возила на струја произведени досега. Повторно, благодарение на Mitsubishi.

Алијансата Renault-Nissan постигна голем напредок во ланската продажба, со вкупно 9,96 милиони возила. Рекорд за производството на електрични возила. Откако првиот Nissan Leaf стартуваше во 2010 година, досега се продадени влизу 425.000 возила на струја. Драстичниот пораст во продажбата на возила пристига од новиот партнер Mitsubishi, со 934.013 продадени возила низ светот лани. Nissan есеноска откупи 34 проценти од акциите во Mitsubishi Motors.

Едно од секои девет нови возила низ светот потекнува од алијансата

Марките во групацијата Renault ја зголемиле продажбата за 13,3 проценти, на 3.182.625 возила. Обете марки Renault и Dacia имаат рекорди, со тоа што матичната марка сега е втора најголема марка во Европа, по Volkswagen.

Nissan постигна продажба на 5.559.902 автомобили и товарни возила, што претставува раст од 2,5 проценти. Одлични резултати има и премиум марката Infiniti, со над 230.000 продадени возила. Рускиот Avtovaz, производителот на Lada, пласирал 284.807 возила на пазарот. Секое трето ново возило на рускиот пазар лани потекнувало од алијансата Renault-Nissan и Avtovaz.

Најдолготрајно мултикултурно партнерство во автомобилската бранша

Француско-јапонското партнерство го зголеми лидерството во сегментот на електрични автомобили со 424.797 продадени возила досега – вклучувајќи ги и возилата на Mitsubishi. Nissan Leaf останува најпродаван електромобил, со повеќе од 250.000 примероци од декември 2010 година. Renault продал 112.000 електрични возила од 2011 година, од моделите Zoe, Kangoo Z.E., Fluence Z.E., SM3 Z.E. и Twizy. Само во 2016 година, алијансата и новиот партнер Mitsubishi постигнале продажба од 94.265 електрични возила, што е за 8% повеќе отколку во 2015.

Планот е до 2020 година на пазарот да се лансираат најмалку 10 модели со технологија за автономно возење. „Ние први лансиравме електричен автомобил со достапна цена во 2010 година. Останатите големи производители сега откриваат дека електричните возила се најефикасно решение за нулта емисија. Со автономни возила и конектирани автомобили и услуги, целосно сме посветени во трката за возилото на иднината,“ заклучува шефот на алијансата, Карлос Гон.

Најголемите 10 пазари за алијансата Renault-Nissan во 2016 година

(вклучувајќи ги Mitsubishi, Dacia, Avtovaz, Infiniti, Renault Samsung Motors)

Земја Продажба Пазарен удел
САД 1,660,690 9.47%
Кина 1,472,588 5.48%
Франција 738,344 30.52%
Јапонија 625,409 12.58%
Русија 494,073 34.64%
Мексико 449,406 28.02%
В. Британија 336,533 10.96%
Германија 319,739 8.89%
Италија 262,167 12.99%
Шпанија 247,661 18.71%

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што ако имавме почисти автомобили место барокни згради?

Јозеф Кабан: Дизајнерската ѕвезда на Škoda преоѓа во BMW