за

Renault Megane може да биде жртва за новиот електричен модел

Renault Megane може да биде жртва за новиот електричен модел
Renault Megane може да биде жртва за новиот електричен модел

Renault во следните години ќе им посвети уште повеќе внимание на електричните автомобили. Некои од моделите може да бидат жртви на транзицијата, еден од тие модели е Megane.

Целава декада ќе минува во знак на преоѓањето во ерата на електричниот погон. Најголемите производители веќе одамна имаат разработено план и сценарио за тоа како ќе изгледа нивната идна понуда од модели, којашто ќе се состои целосно од автомобили со погон на струја. За некои традиционални модели ќе нема место во иднината.

Renault планира да нуди осум модели со погон на струја до 2023 година. Постои голема веројатност дека Megane нема да добие наследник, затоа што Французите го чуваат буџетот за новите модели на струја. Главниот дизајнер на Renault, Лоренс ван ден Акер, посочи таква можност во интервју за британскиот Ауто Експрес.

Логиката е едноставна: Мора да се вложува во модел и технологија чијашто продажба ќе расте во иднина

Според Холанѓанецот, логично е моделите што повеќе не се толку успешни на пазарот да се укинат и средствата да се посветат за новите електрични модели: „Не можеме да си дозволиме сите наши модели да станат електрични модели, затоа некои модели мора да исчезнат. Megane е во многу комплициран сегмент. Мора да се вложува во иднината на пазарот,“ изјави Ван ден Акер.

Продажбата на Megane се одвива задоволително, но таа ќе паѓа. Пред дваесет години, Renault годишно продаваше по 300.000 примероци од Megane во Европа, со врв од речиси 500.000 возила во 2004 година. По 2012 година, моделот нема надминато 170.000 примероци, за во последните две години, Французите да продаваат само по 130.000 возила од оваа моделска серија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota продаде 15 милиони возила со хибриден погон

Toyota продаде 15 милиони хибриди, го поштеди светот од 120 мио. тони СО2

Дизелите во Kia Ceed во блага хибридна изведба

Дизелите во Kia Ceed во блага хибридна изведба