151
20 shares, 151 points

Актуелниот Renault Megane уште не му здодеал никому, но полека доаѓа време за замена. Новата генерација ги врти последните тест-кругови пред моделот да доживее салонска премиера наесен во Франкфурт, за продажбата да стартува во 2016 година.

Некои автомобили изгледаат како штотуку да се појавени на улиците, Renault Megane е еден од нив. Третата генерација на францускиот компакт стартуваше со продажба во 2008 година, но во последно време повторно се заострува конкуренцијата и полека го става Megane во сенка. Тоа значи дека е крајно време да се преземат промени. Карпараците веќе го дистрибуираат нивниот „улов“, фотографиите од тест-прототипите, коишто го откриваат дизајнот на идниот Megane и внатрешноста.

Новиот Megane ќе има повпечатлива спортска нота во изгледот

Иако францускиот производител се потрудил добро да го маскира автомобилот, идниот изглед на Megane се наѕира сé појасно. Впечатлив елемент е долгиот и рамен покрив, додека ромбот на марката е поставен уште подоминантно во предната маска. Тоа е потег што претходно го направија Espace и Kadjar. Задните светла се во стил што е веќе применет на Clio. Интересен момент открива фотографијата од внатрешноста. Кокпитот е истоветен со оној во новиот теренец Kadjar. Според стадиумот што го имаат достигнато пробните возила, може да се претпостави дека не станува збор за импровизација, туку е сосема можно Megane да се појави со кокпитот на Kadjar и во сериската верзија. Тоа ќе му заштеди пари на Renault, но нема причини за побуна, затоа што кокпитот изгледа сосема пристојно.

Сите мотори со турбонатполнење

Во понудата од бензински мотори ќе биде сосема извесно присуството на 1,2-литарскиот турбо со 120 КС. Повеќе неизвесност има околу 0,9-литарскиот трицилиндарец од Clio, со моќност од 90 КС. Поверојатно е сепак дека ќе се користи верзија на 1,2-литарскиот турбо бензинец со намалена моќност како основа на понудата. До појавувањето на традиционалниот модел од Renault Sport, врвот во понудата ќе го претставува 1,6-литарскиот турбо со 200 КС. Во понудата од дизели останува 1,5-литарскиот мотор со 110 КС, како и 1,6-литарскиот дизел, развиен заеднички со Mercedes, со моќност од 130 и 160 КС. Како опција ќе се нуди менувач со двојна спојка. Новиот Megane официјално ќе биде претставен наесен, на салонот во Франкфурт, а продажбата ќе стартува во почетокот на следната година.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
20 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743