за

Кинескиот Renault на струја пристига во Европа во 2021 како Dacia

Renault K-ZE
Renault K-ZE

Renault привлече многу внимание со електричниот K-ZE, кој моментно е достапен во Кина и се произведува во партнерство со Dongfeng. Цената е најсилниот адут и појавувањето на овој модел на европскиот пазар би претставувало уште еден голем триумф на Французите, по повторното лансирање на Dacia, но овојпат во ерата на електромобилноста.

Renault планира да понуди градски СУВ со електричен погон на европскиот пазар најдоцна до 2021 година. Како основа ќе послужи моделот K-ZE што имаше премиера на салонот во Шангај во април, кој и самиот се базира врз индискиот Renault Kwid. Тоа сега доби и официјална потврда од шефот Жил Норман. Цената на новиот модел на струја во понудата на Renault ќе зависи од преправките што мора да ги претрпи возилото, за да биде во согласност со тукашните норми. Французите го произведуваат достапниот СУВ во Кина заедно со партнерот Dongfeng и го нудат за околу 8.700 евра. Цената за Европа сепак ќе биде значително повисока од тоа, се шпекулира меѓу 11.000 и 12.000 евра, вклучувајќи субвенции.

K-ZE е долг 3,74 метри, електромоторот располага со 33 kW (45 КС) и вртежен момент од 125 њутнметри. Батеријата со капацитет од 26,8 kWh нуди енергија за 280 километри, но тој податок се однесува на старата норма NEDC. Реално може да се очекува досег од близу 200 километри. Се претпостаува дека европската изведба ќе добие поголема батерија. Крајната брзина е ограничена на 105 km/h. Уште не се открива и дали тукашната верзија на K-ZE ќе се продава можеби под знакот на Dacia. Сепак постои голема веројатност за тоа, за романската марка да ги исполни стогите норми на ЕУ во поглед на емисијата на СО2.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Главните пазари за електромобилноста во Европа штотуку ја добиваат освежената моделска изведба на електро-бестселерот на Французите, на Renault Zoe. Со подобрен ентериер и со зголемен досег, овој модел на батерија во класата на Clio лесно ќе го задржи лидерството на европскиот пазар.

Техничарите на Renault работат на развој на електрични модели со досег од преку 500 километри и на можност енергија за 150 километри пат да се наполни за 15-на минути

Целта на Renault е до 2022 година половината од понудата на марката да се состои од батериски и плагин-хибридни возила. Тука спаѓаат и доставните возила, Kangoo и Master. Политиката на шефот Жил Норман е електричниот погон да се нуди по достапни цени. Моментно се инвестира многу во овојо погон. Произвоедствениот капацитет се удвојува, а повеќе од 30.000 работници се обучуваат и специјализираат за работа со возилата со погон на струја.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Се подготвува и нова платформа, што ќе ја користат и партнерите Nissan и Mitsubishi. Оваа платформа со ознака CMF може да се приспособува по должина и ширина, дозволува различни каросериски изведби и можност за примена на батерии со различна големина. Норман очекува производствените трошоци за батериите да се намалат за 30% во видно време.

Оригинален е концептот на Renault за батеријата на електричното возило да не се купува „заедно“ со автомобилот, туку да се плаќа месечна рата за користење – така е пониска цената на возилото

Renault и натаму ќе им нуди на возачите можност да плаќаат меечна рата за користењето на батеријата во возилото или можност да ја купат и батеријата. Првото решение им се допаѓа на купувачите, затоа што немаат грижи при евентуална потреба од замена на батеријата.

На германскиот пазар, на пример, кадешто Renault досега има продадено околу 26.000 примероци од Zoe, месечниот наем на батерија почнува од 74 евра (до 7.500 km месечно), а возилото со вклучена субвенција во висина од околу 5.500 евра, чини 17.420 евра во основната моделска изведба.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

peugeot 2008, peugeot e-2008

Peugeot 2008 стартува од 21.500 евра на германскиот пазар

ford fiesta st

Три модели на Ford победија во изборот на читателите на Sport Auto