за

Освежување за Renault Kadjar по половина милион продажби

Renault Kadjar

Со близу половина милион продажби, Renault Kadjar е далеку од епизодист на СУВ-сцената. Моделот добива освежен изглед, поголем комфор и подобрен впечаток за квалитет

Kadjar се појави на пазарот од 2015 година, како поголем брат на бестселерот Captur и со едно својство што повеќето модели во сегментот на СУВ-компактите го запоставуваат – можност за избор на верзија со погон на сите тркала, развиен во соработка со партнерот и специјалист Nissan.

Renault Kadjar 2

За три години, Renault Kadjar се продаде во повеќе од 450.000 примероци, на повеќе од 50-те пазари низ светот на коишто е достапен. Францускиот автомобил заслужи моделско освежување. Неколку подрачја во надворешноста се преработени за да оддаваат помодерна нота. Очекувано за Renault, се работело и на комфорот, а извршени се и неколку интервенции за да се стекне поубедлив впечаток за квалитетот на завршната изработка.

Renault Kadjar ja следи дизајнерската шема на Мegane и Captur

Светлата ја имаат вообичаената С-графика на моделите на Renault. Диодни трепкачи сега се интегрирани во дневните светла, а во повисоките нивоа на опрема и магленките користат диодна техника. Слични измени претрпеа и задните светла. Маската е поширока, со нови хромирани детали, браниците исто така се преработени.

Renault Kadjar 4

Промените во кокпитот се најзабележливи во контролите за климата и во новиот дисплеј на допир, со пречник од седум инчи, што сега е во иста линија со арматурната табла. Ново топ-ниво на опрема е Black Edition, со седишта во алкантара, бандажи од 19 инчи и заштитни плочи напред и назад.

Renault Kadjar 6

Французите извршија и неколку преправки во формата на седиштата, ја подобрија вентилацијата и додадоа неколку практични функции, како лизгање на потпирачот за рака напред.

Најважните промени сепак се во понудата од погонски единици. Renault Kadjar во основа гo добива 1,3-литарскиот TCe што веќе се вградува во Captur и Megane. Познавачите ќе се присетат дека тоа е заеднички мотор со Daimler и негова верзија се вградува во актуелниот Mercedes A-Class. Бензинецот е достапен во верзии со 140 и 160 КС, со мануелен менувач или со менувач со двојна спојка.

Renault Kadjar 5

Соодветно на строгите актуелни норми за издувни гасови, дизелите во Renault Kadjar користат селективна каталитичка редукција (SCR) и се водат како Blue dCi – поради потребата од користење „АдБлу“, исто како сите дизели со чиста емисија. Blue dCi 115 доби 5 КС и 10 Nm во споредба со претходната верзија на моторот, а над него е позициониран Blue dCi 150, со дополнителни 20 КС во споредба со претходникот. Посилниот мотор се испорачува со мануелен менувач и достапен е 4х2 и 4х4-верзии, наспроти „dCi 115“ кој подоцна ќе биде достапен и со менувач со двојна спојка.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo XC 40, 60, 90

Од комби-мајстор до специјалист за СУВ: Volvo заведува со 90-60-40

електромобилност е-конвој

Електромобилност повикува на ревијално „е-возење“ на 20-ти септември