157
26 shares, 157 points

Многу новитети кај Renault за Париз: Евтин електричен автомобил, кој прво ќе се продава во Кина, најава за плагин-хибрид во три модели и ново искуство на виртуелна реалност во возилата

Карлос Гон, првиот човек на групацијата Renault, во Париз претстави два новитета со коишто компанијата ја зајакнува својата позиција во електромобилноста. Првиот новитет е малечок и достапен автомобил со погон на струја, којшто в година ќе стартува во Кина. Вториот новитет е плагин-хибридниот погон, когошто купувачите од 2020 година ќе можат да го избираат во три популарни моделски семејства на Renault.

Новиот електричен автомобил на пионерот и лидер во браншата се појавува во Париз како концептен автомобил. Renault K-ZE спаѓа во класата на најмалечките возила и развиен е како глобален модел, со елементи на СУВ. Французите ветуваат досег од 250 километри според старата норма NEDC, што значи дека реално може да се очекуваат најмногу 150 километри. Тоа е повеќе отколку кај Mitsubishi EV или VW e-up.

renault k-ze polnac

Симпатично дизајнираниот K-ZE може да се полни на обична приклучна кутија и на јавен полнач за струја. Renault го опремува електро-минито со паркинг сензори, камера за рикверц, голем средишен дисплеј на допир, со навигација и пристап на интернет. Околу причините за изборот на Кина за стартот на продажбата не мора многу да се претпоставува. Тоа е најголем пазар за електрични автомобили во светот, уште расте и државата дополнително ги привилегира возилата со нулта емисија на штетни гасови.

Електричниот погон е уште еден талент во концептот на Renault Kwid, покрај пазарниот бум на евтиниот модел во Индија и Јужна Америка

Производството ќе се одввива во e-GT New Energy Automotive Co, заедничка инвестиција со Dongfeng Motor и Nissan. Иако Французите не го нагласуваат тоа при премиерата, K-ZE практично има иста каросерија со Renault Kwid, моделот кој се произведува и продава во Индија, по цена од 4.000 евра. Тоа е прв модел изработен врз новата платформа CMF-A. По него следеше и Datsun e-Go. Генијалниот стратег Карлос Гон секако предвидел платформата да подржува и електричен погон.

renault plugin-hybrid
Според Renault, технологијата e-Tech е различна од e-Power на Nissan, којашто е најпродавана хибридна технологија во Јапонија

Во 2020 година, во моделските семејства на Clio, Megane и Captur, пристига плагин-хибридна верзија. Renault ја води технологијата под името e-Tech и нагласува дека е од сопствен развој, што значи е независна од e-Power на партнерот Nissan. Плагин-хибридот постепено ќе се воведува во сите модели на француската марка од сегментите B и C.

renault kapsula AEX
Капсулата во којашто посетителите на салонот во Париз ќе можат да ја искусат виртуелната технологија AEX на Renault

Третиот новитет на „домаќините“ на салонот е таканаречената збогатена реалност (augmented reality). На ова поле ќе се придава поголемо значење, кога во блиска иднина ќе се појават автономните возила. Покрај тоа, технологијата е интересна и со веќе богатата понуда од услуги за мобилност, коишто се обезбедуваат преку вмрежувањето на возилата. Renault ја води својата визија на ова поле под „Augmented Editorial Experience“ или кусо AEX. Корисниците ќе добиваат информации, онлајн услуги, мултимедија, мобилност и сл. за времето додека вози вештачката интелигенција да се искористи продуктивно или забавно.

Посетителите на салонот во Париз ќе можат да ја искусат оваа технологија, во еден вид капсула, во којашто преку проекција во 222 степени се прикажуваат четири различни сценарија на минување на времето со AEX.

Renault создава острови што се независни од фосилни горива

Renault EZ-Pro е подвижен дуќан, пошта, сервис, иднина

Mercedes X-Class и Renault Alaskan: Пикапите се новите теренци?


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
26 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743