за

Стари батерии на Renault служат во електричен глисер во Париз

renault gliser elektricen sena pariz
renault gliser elektricen sena pariz

Renault во соработка со компанијата за речен превоз Seine Alliance и со експертите за електричен погон Green-Vision го развија првиот глисер со погон на струја, во когошто се користат стари батерии од електрични автомобили. Наречен симболично Black Swan или Црниот Лебед, глисерот е прв чекор кон реализацијата на планот на Seine Alliance за целиот свој возен парк на реката Сена да го префрли на струја до 2024 година.

По пуштањето во редовен сообраќај во следната година, Black Swan ќе превезува до осум патници и ќе има пионерска улога со користењето на литиум-јон батерии од моделското семејство Renault Z.E., чијшто капацитет е сведен на помалку 70 проценти. Батериите ќе испорачуваат доволно енергија за двата електромотори од по 20 kW да испорачуваат погон два часа по реката Сена во Париз. Полнењето ќе трае меѓу два и три часови.

Основата доаѓа од италијанскиот глисер Tullio Abbate, кој е приспособен за погон на струја и поседува четири батерии под седиштата. Батериите и електромоторите заедно тежат 278 килограми, што е помалку од оригиналниот мотор и резервоарот за гориво.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Renault произведе 200.000 примероци од електричниот Zoe

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Салонот на Maserati во Дубаи е убавина за очи и душа

Салонот на Maserati во Дубаи е убавина за очи и душа

Поранешната фабрика на Opel во Бохум стана центар за сајбер-безбедност

Поранешната фабрика на Opel во Бохум стана центар за сајбер-безбедност