за

Спојување на Renault и Fiat веќе во следната недела

renault fiat spojuvanje
renault fiat spojuvanje

Renault начелно се сложува за спојување со Fiat Chrysler и договорот може да биде потпишан веќе во следната недела.

Францускиот производител на автомобили Renault ќе се спои со италијанско-американскиот концерн Fiat Chrysler. Веста ја објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на менаџери кои учествуваат во преговарачките тимови. Според информацијата, управниот одбор на Renault може да се состане веќе во следната недела и да се согласи со предлогот за спојување на Fiat Chrysler.

Шеф на концернот по спојувањето би бил Жан-Доминик Сенард, моментно шеф на управниот одбор на Renault. Спојување со Nissan засега не се планира, но на Јапонците ќе им се понуди здружување на силите.

Nissan одбива да формира концерн со Renault, стравувајќи дека тоа дополнително ќе ја ослабне нивната позиција

Алијансата меѓу Renault и Nissan е во криза, по приведувањето на долгогодишниот шеф Карлос Гон. Renault е заинтересиран за спојување со Nissan, меѓутоа Јапонците стравуваат дека нивното влијание во идниот концерн ќе биде уште послабо. На Fiat Chrysler итно му е потребен партнер, затоа што концернот заостанува далеку зад конкуренцијата во поглед на електромобилноста и во автономното возење.

Доколку само Renault зе спои со Fiat Chrysler, новиот концерн би имал годишна продукција од 8,7 милиони возила. Заедно со јапонските производители Nissan и Mitsubishi, кои се во алијанса со Renault, продукцијата би се искачила на повеќе од 15 милиони возила. Тоа би бил најголем автомобилски концерн во светот.

Што ќе донесе мега-спојот меѓу Fiat и Renault?

Fiat и Renault преговараат за соработка

Што се случува меѓу PSA и Fiat?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari SF90 Stradale

Ferrari SF90 Stradale со четири мотори и 1000 КС

toyota hilux myanmar

Toyota Hilux од готови модули за пазарот во поранешна Бурма