за

Renault EZ-Pro е подвижен дуќан, пошта, сервис, иднина

Renault EZ-Pro

Нарачките преку интернет и експресните испораки ќе доживуваат огромен бум во следните години. Кој мисли дека производителите на автомобили не се подготвени за тоа, се лаже. Renault EZ-Pro е сé што може да се замисли, само што тука е подвижно

Renault прикажува сцена од НФ-филм на салонот на товарни возила во Хановер, кој годинава донесе повеќе новитети од било кога досега. Студиското возило на Французите се нарекува Renault EZ-Pro и претставува визија за вмрежен и автоматизиран систем за крајна достава на стока до потрошувачите во градовите, и секако, со погон на струја.

Renault EZ-Pro 4

Renault EZ-Pro се води како транспортен систем, затоа што се состои од две возила долги по 4,8 метри, изработени врз иста платформа. Едното возило се нарекува Leader Pod и служи за лична достава на пратки, другото возило е Follower Pod. Како што укажуваат и англиските имиња, „лидерот“ води, „следбеникот“ следи како еден вид железнички вагон. Во водечкото возило се наоѓа службеник, кој го надгледува процесот на достава или по потреба се вклучува лично во самата достава на пратки.

„Вагоните“ на Renault EZ-Pro може да се издвојат од композицијата и сами да тргнат во достава

Идејата е во колоната да има повеќе „следбеници“, односно буквално да се формира воз, без физичка врска во композицијата. Целта е на тој начин да се намали метежот во сообраќајот. Follower Pods ќе можат да се издвојат од конвојот и самостојно да се упатат до местото за достава кога ќе се приближат до него, за потоа да се приклучат повторно во возот.

Препознатлив белег се тркалата кои се наоѓаат во самите краеви на каросеријата и целосно се сокриени под каросеријата. Идејата е тркалата и деловите од подвозјето да се заштитат од оштетувања и удари, на пример, во рабници. Сите камери, радари, лидари и сензори што се потребни за автоматизираното возење, исто така се сместени во „оклопите“ за тркалата. Тенката батерија е сместена под подот.

Renault EZ-Pro 7

Follower Pods ја користат истата платформа како „лидерот“. Тие имаат модуларна концепција и се состојат од платформа со батерија, подвозје и електромотор, врз коишто може да се поставуваат најразлични видови контејнери. Овие контејнери имаат ист дизајн, но се разликуваат во изведбата на товарниот простор, во зависност од транспортната задача или функцијата. Доколку се работи за транспорт на мали предмети и пакети, на пример, внатрешноста може да се изведе со голем број прегради со различна големина.

Концептот е интересен за службите за достава, но истиот нуди предности и за сервисите за чистење или за пералните, коишто можат да изнајмат „под“ и да го постават на прометно место, на пример во близина на железничка станица. Патниците можат во преградите со клуч да ја остават својата облека и по кусо време да ја преземат чиста и испеглана. Секако дека концептот одговара и за продажба на храна или пијалоци.

[FAG id=35119]

Освежување за Renault Kadjar по половина милион продажби

Mercedes X-Class и Renault Alaskan: Пикапите се новите теренци?

Renault Arkana како прв СУВ-купе во класата – и само за Русија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW Z4

На овој BMW Z4 само небото му е граница

електричните возила во е-конвој, скопје

Електричните возила на најтивок, а најгласен собир во Скопје