за

Renault EZ-Pod: Кога одењето пеш ќе излезе од мода

Renault EZ-Pod

Renault разви автопилотирано микро-возило на база на Twizy. Освен за куси релации низ град, Renault EZ-Pod ќе се користи и во големи хотелски комплекси, на аеродроми, во фабрики.

Renault повторно се јавува во пионерска улога, со микро-возилото EZ-Pod, коешто е наменето за превоз на лица и патници на куси растојанија. Возилото е прикажано на саемот за иновативност во Париз. Автопилотиран и со погон на струја, EZ-Pod зафаќа површина од три метри квадратни и покажува како во блиската иднина ќе изгледаат и функционираат мини-возилата за превоз во трговските центри, во компаниите и во големите хотелски компекси или аеродроми. Во случај на превоз на поголема група, повеќе EZ-Pod ќе се соберат во конвој.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Бидејќи се движи со ниска брзина, EZ-Pro нема потреба од многу сензори. Камера и ласерски детектор го надгледуваат просторот пред возилото, на кои им се придружуваат радарски сензори за долго и кусо растојание, вградени напред и назад. ГПС-приемник ја одредува моментната позиција на возилото, а две антени на покривот го комплетираат техно-арсеналот за автопилотирано движење.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Техниката потекнува од електромобилот Twizy. Внатре има место за две лица, кои седат дијагонално. Пристапот е лесен, затоа што се отвора целата страна на возилото. Освен за превоз на лица, EZ-Pod може да се користи и за достава на пратки и општо во логистиката. Возилото е дел од EZ-семејството модели на Renault, заедно со EZ-Go, од кого што пристига дизајнот, и EZ-Pro, од кого потекнува модуларниот концепт.

Renault EZ-Pro е подвижен дуќан, пошта, сервис, иднина

Renault во Париз докажува дека електропогонот е сегашност

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп уште ја држи ЕУ во неизвесност околу авто-царините

Opel Grandland X со три „мотори“ и 300 КС