за

Renault ќе ја продлабочува соработката со Daimler

Долгогодишната соработка меѓу Renault и Daimler нема да биде погодена од плановите на францускиот производител да заштеди милијарди евра во корона-кризата. Шефот на Renault дури најави дека во следните недели може да се очекува позитивна вест во врска со соработката со германскиот концерн.

Планот што францускиот производител Renault го претстави денес, со цел да се заштедат неколку милијарди евра, според управата на компанијата, не влијае врз долгогодишната соработка со Daimler. Напротив, наскоро се очекуваат нови чекори во насока на продлабочување на соработката, како што соопшти шефот Жан Доминик Сенард на настанот што се пренесуваше на интернет.

„Имаме одлична соработка и сакаме на алијансата да ѝ дадеме нов поттик“, изјави Сенард. Според францускиот шеф, алијансата постигнала исклучителни резултати во изминатиот период и сега таа треба да добие нов замав. „Водиме многу позитивни разговори“, додаде Сенард. Деталите засега не се соопштуваат.

Претседателот на Renault дури во средата излезе со позитивен став за соработката со Daimler. „Се надевам дека во следните недели ќе можеме да соопштиме многу добри вести“, најавува Французинот.

Кон крајот на минатата година се појавија стравувања, дека соработката меѓу Renault и Daimler би можела да заврши, поради спорот меѓу францускиот производител и партнерот Nissan.

Може ли Peugeot 2008 да го преземе водството од Renault Captur?

Renault Captur

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Водородна Toyota Mirai во противпожарната служба во Берлин

Водородна Toyota во противпожарната служба во Берлин

Австрија забрани гласни мотоцикли во Тирол

Австрија забрани гласни мотоцикли во Тирол