за

Renault и Dacia со историски рекорд од 3,8 милиони продадени возила

renault symbioz

Ланската година беше рекордна за марките од групацијата на Renault со 3,76 милиони продадени возила. Во резултатот влегуваат и продажбите на Dacia и на лесните доставни возила.

Групацијата Renault ја заврши ланската година со рекордни 3,76 милиони продадени возила низ светот. Во споредба со преклани, продажбата забележала зголемување од 8,5 проценти, односно продадени се 293.500 возила повеќе. Во резултатот влегуваат и продажбите на романската марка Dacia, на руската Lada, како и на лесните доставни возила од марките во групацијата.

renault grupacija prodazba 3

Renault држи четири проценти од светскиот пазар (преклани 3,8 проценти). Француската марка е втора по продажба во Европа, но затоа убедливо го држи лидерското место на пазарот на електрични возила, со раст од дури 38% и пазарно учество од близу 25 проценти. Само Zoe има за 44% зголемена продажба, што се должи првенствено на вградувањето нов батериски пакет со поголем капацитет. Clio е втор најпродаван модел на европскиот пазар, додека Captur е лидер меѓу кросоверите во својата класа.

Dacia лани пораснала за 11,7% со повеќе од 450.000 продадени возила

Од марката Renault се продадени вкупно 2,67 милиони патнички автомобили и доставни возила, Dacia постигнала 655.235 продажби. Романската марка ја постигна историски најголемата продажба во Европа, со раст од 11,7% и вкупно 463.712 возила. Рекорд имаат и доставните возила од групацијата, со 462.900 продадени примероци и зголемување од 4,1 проценти.

renault grupacija prodazba 1

Руската Lada постигнала плус од 17,8 проценти, со 336.600 продадени возила. Единствено јужнокорејскиот Renault Samsung Motors има послаба продажба, со близу 100.000 возила или за 10% помалку во споредба со преклани. Во 2018 година се очекува раст на глобално ниво од 2,5 проценти.

Топ 15 пазари за марките од групацијата Renault лани

1

Франција

673.852

2

Русија

448.270

3

Германија

228.046

4

Италија

215.901

5

Шпанија

185.760

6

Турција

178.646

7

Бразил

167.147

8

Иран

162.079

9

Велика Британија

115.262

10

Аргентина

115.243

11

Индија

112.489

12

Јужна Кореја

100.537

13

Белгија и Луксембург

88.547

14

Кина

72.137

15

Мароко

70.536

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

McLaren Senna MCTC MP4-5

McLaren отвори фабрика специјализирана за карбонски композити

ЕУ ќе забрани палмово масло во биодизелот