146
148 shares, 146 points

Меѓу сите автомобили со илјадници коњски сили и серии што се бројат на прсти, кои првпат се појавуваат пред светот на салонот во Женева, Renault Clio е тој што ќе се продаде во најмногу примероци.

За новата генерација на Renault Clio беше јасно уште при претпремиерното прикажување. Францускиот автомобил поседува силен карактер. Стратезите на марката решија прво да ја прикажат кабината, па дури потоа надворешниот изглед на Clio, затоа што промените внатре се многу посуштински отколку во изгледот. Тоа, да не се стекне впечаток дека новакот е само пребојадисана верзија на претходникот. Но, ова е сепак Clio, големо име меѓу градските автомобили, да не ги наречеме малечки.

Претходните објави за новиот Renault Clio:

⇒ Новиот Renault Clio почнува од внатрешноста

Кога Renault Clio ќе стане повеќе посакуван избор од Megane

Renault Clio уште е свеж по премиерата на салонот покрај Лак Леман и познати се неколку важни детали и деталишта. Најпродаваниот модел на Французите и водач во сегментот на градските автомобили уште од 2013 година наваму, постигнуваше постојан раст во продажбата во последните шест години. Подобро од него се продава само VW Golf.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Новиот Clio е прв што ќе користи хибриден погон E-Tech, развиен самостојно, а тоа значи и без асистенција на партнерот и е-специјалист Nissan. До 2022 година, групацијата Renault ќе нуди 12 модели со електрифицирана погонска спрега. Голем напредок се ветува и во подрачјето на мрежното поврзување и користењето нови услуги за мобилност, со нова генерација мултимедиски системи развиени од Renault-Nissan-Mitsubishi. Третиот главен чекор напред ќе биде во делот на автопилотираното возење.

Тежината на Renault Clio е намалена до 50 килограми со преоѓањето на новата платформа

Платформата CMF-B првпат „проработува“ во Clio. Со 4050 mm, возилото е 12 mm покусо, додека висината во делот на задниот спојлер е намалена за 48 mm, заради аеродинамичност. Багажникот располага со 391 литри, што е врвна вредност во класата.

Сите бензинци се нови, дизелите се преработени. Дијапазонот на моќност се движи меѓу 65 и 130 КС. Од следната година ќе биде достапна хибридната верзија со ознака E-Tech. Постојат вкупно девет комбинации од мотори и менувачи.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Моторите 1.0 TCe и 1.3 TCe се веќе добро познати и функционираат во возила од најразлични класи и сегменти, од Nissan Micra, преку Dacia Duster, до Mercedes A-Class. Во Renault Kadjar, исто така. Помалиот мотор се нуди во верзии SСe 65 и SCe 75, односно како TCe 100, во комбинација со турбонатполнење, со 100 КС и 160 њутнметри. Овој мотор е планирано да се понуди и во изведба со погон на автогас.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Најсилен бензинец е TCe 130 GPF, со 130 КС и 240 Nm, во комбинација со седумстепен менувач со двојна спојка и филтер за честички. Од дизелите, на располагање стојат Blue dCi 85 и 115, со работна зафатнина од 1,5 литар. За исполнување на строгите норми, во издувот е додаден SCR-катализатор, заедно со впрскување Адблу.

Шампионот во електромобилноста допрва ќе нуди хибриден погон – искуството на полето на струјата сепак може да донесе изненадувања

Renault E-Tech е комбинација од 1,6-литарски бензинец, два електромотори, повеќережимен менувач и батерија од 1,2 kWh. Според ветувањата на техничарите, високата ефикасност на францускиот хибрид овозможува до 80% од вообичаената градска тура да биде на струја. Тоа би водело до потрошувачка намалена за 40 проценти. Се спомнува и возачко уживање, какво што досега било несвојствено за хибридниот погон.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со новата платформа се скусуваат 50 килограми тежина, но таа нуди и основа за новите системи за асистенција. Првпат во Renault се достапни камера во 360 степени и самостојно запирање при опасност од удар во пешак или велосипедист. Како новитет пристига и радарски темпомат, кој самостојно запира при побавно возило напред, со можност за целосно запирање, повторно поаѓање, како и мали корекции на правец. Сето тоа функционира само во комбинација со менувач со двојна спојка, а тоа значи единствено со TCe 130.

Остануваат непознати цените, нивоата на опрема и деталните технички податоци.

Возачи на Renault Sport ќе одржуваат собири на врвни тркачки патеки

Карлос Гон си ја платил свадбата на трошок на Renault

Кога Renault Clio ќе стане повеќе посакуван избор од Megane

Renault Twingo: Минито што е пооригинално и од Mini


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
148 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *