127
54 shares, 127 points

Дигитални инструменти, средишен таблет од 9 инчи, меки и пријатни материјали, практичност и можност да се остави сопствен печат: Новиот Renault Clio сака да се издвои на врвот на градската класа, исто како моделот од првата генерација

Првиот впечаток е најважен. Кога новите модели доживуваат премиера, сцената суди за напредокот на автомобилот врз основа на тоа што го гледа прво, а тоа е надворешниот изглед. Но, промените во изгледот веќе подолго време се незначителни, или барем се помалку радикални во споредба со тоа што се случува внатре, во кабината и под хаубата. Тоа создава впечаток дека новите генерации автомобили повеќе не напредуваат како во „добрите стари времиња“.

За таквата перцепција да се смени, новата генерација на Renault Clio го има првиот контакт со сцената преку ентериерот. Француската куќа денес ги објави фотографиите од внатрешноста на моделот од градската класа. Станува збор за петта генерација на глобалниот бестселер на Renault, кој од премиерата во 1990 година, како наследник на култниот R5, постигна 15-милионска продажба. Clio е најпродаван модел во градската класа во Европа уште од 2013 година.

Во Renault Clio V се соединуваат еволуцијата и револуцијата

Бидејќи и традицијата станува се поважна, при развојот на Clio V се преземани детали од сите претходници. По пример на првиот Clio, новиот модел користи технологија од повисоките класи, од „двојката“ доаѓаат просторноста и комфорот, од Clio III е впечатокот за квалитет што своевремено го поставуваше францускиот автомобил во класата на Fiesta & Co. На крај, од директниот претходник потекнува впечатливиот и препознатлив дизајн на Renault.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За надворешниот изглед, кого светот уште го нема видено (официјално), Renault најавува стил што оддава поголема зрелост на возилото. Предниот дел ќе има повеќе карактер и извајани линии, но ќе биде препознатлив како Clio и покрај тоа што е 100% нов автомобил. Внатре, пак, следи комплетна револуција, по углед на повисоките класи во поглед на квалитетот и технологијата. Ваквиот пакет резултира со поголема практичност и полесно ракување.

Хибриден погон E-Tech од сопствен развој на Renault ќе работи во новиот Clio

Французите најавуваат дека Clio ќе биде првиот модел со новиот хибриден погон E-Tech на Renault. Согласно духот на времето, моделот ќе нуди 100% конективност, во вид на поврзување на телефон и користење на сите можни видови онлајн-услуги. Како автомобил што ќе „живее“ во третата декада од новиот милениум, Renault Clio ќе добие и автопилот, со извесен степен на автономно возење.

Во поглед на техниката, Clio прв ја користи платформата CMF-B, којашто со себе носи и напредна електрична и електронска архитектура. Новитет во моделската понуда ќе биде R.S. Line, по пример на ST-Line на Ford, како поблага спортска форма на моделите од Renault Sport. Останува и топ-изведбата Initiale Paris, со повеќе нагласена индивидуалност во дизајнот, наспроти моделите од стандардната понуда.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Арматурната табла е обложена со меки и квалитетни материјали, исто како и панелтие во вратите и средишната конзола. Се забележува и настојување за повеќе прегради што се лесни достапни и практични за користење. Renault го нарекува тоа „Smart-Cockpit“.

Посебен нагласок на завршната изработка и изборот на материјали и комбинации од бои: Последниве два сепак се традиционални домени на Французите

Во повисоките нивоа на опрема ќе биде достапен средишен дисплеј од 9,3 инчи, што моментно е врв во Renault. Повеќе станува збор за таблет, отколку за дисплеј, изведен по пример на Espace. Првпат во Clio ќе се вградуваат и дигитални инструменти, со пречник од 7 до 10 инчи, зависно од нивото. Воланот е со нов дизајн, со смален модул за воздушната перница, контуриран за палците. Нови се и прекинувачите во воланот, со заднинско осветлување.

Средишната конзола е главниот елемент на „Smart Cockpit“. Вклучувајќи скусена рачка на менувачот, мек финиш на конзолата и посебно осветлување по страниците. Практичните Французи се горди на преградата во долниот дел од конзолата, кадешто во зависност од нивото ќе функционира и безжично полнење телефон.

Седишта по пример на Megane и избор од осум различни дизајни за ентериерот

Седиштата во основа се преземени од моделите од повисоките класи, со подобра подршка и подолга седечка основа. Задниот дел од потпирачот за грб на предните седишта е изведен за да обезбеди повеќе простор за колена за патниците на задната клупа. Материјалите исто така се поквалитетни отколку кај моделот во заминување.

Уникатни за сегментот се меко обложените панели во вратите, вклучувајќи и мек потпирач за рака во нив. Секое ниво има посебен дизајн, кој создава посебна атмосфера во кабината. Купувачите ќе имаат избор од дури осум различни дизајни на ентериерот, дополнително со можност за избор на посебни бои за некои детали. Дури и амбиенталното светло во кабината може да се менува во спектар од осум бои.

Renault Twingo: Минито што е пооригинално и од Mini

Renault создава острови што се независни од фосилни горива

Renault подготвува уште три електрични модели


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

127
54 shares, 127 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format