160
21 shares, 160 points

Групацијата Renault, заедно со Dacia и со доставните возила, во минатата година продала близу 700.000 автомобили на францускиот пазар, постигнувајќи раст од 1,3 процент. Renault Clio е најпродаван модел во земјата во последните четири месеци.

Групацијата Renault лани продала 698.690 патнички и доставни возила на домашниот пазар, постигнувајќи најдобра продажба во периодот по 2010 година. Пазарниот удел на марките од групацијата изнесува малку повеќе од една четвртина, односно 25,9 проценти.

Патничките автомобили од марката Renault постигнале 549.283 продажби. Renault останува најпродавана автомобилска марка на приватниот пазар, најпродавана марка на пазарот на службени возила, како и најпродаван марка во делот на доставните возила.

Новата генерација на Clio е прва на списокот на најпродавани модели во земјата во последните четири месеци. Со тоа воедно се продолжува успехот на целата моделска серија. Renault Clio е најпродаван модел во Франција во последните 10 години. Вкупно биле продадени повеќе од 131.500 примероци (+6,3%) лани.

Свежо е стартувана втората генерација на кросоверот Captur, што соодветно се покажува и во високиот пласман на 4-то место на најпродавани модели во земјата. Twingo, кој исто така имаше моделско освежување лани, следи веднаш на петтото место. Кај него има раст во продажбата од близу десет проценти, а учествува со една четвртина во вкупната продажба сегментот.

renault zoe vulog
Renault Zoe

Меѓу електричните автомобили, Zoe по традиција е пазарен лидер. До крајот на декември во Франција се продале 18.817 примероци (+10,4%), а тоа сочинува 44% од вкупниот пазар на електрични автомобили. Во последниот квартал бил регистриран и рекорден број нарачки за моделот.

Dacia е петта најпродавана марка на францускиот пазар

Со вкупно 140.548 патнички и товарни возила во 2019 година, продажбата на Dacia се стабилизира (-0,7%), по контуинираните рекорди во последните неколку години. На пазарот на патничките возила, Dacia е петта и учествува со 6,3 проценти. Sandero е најпродаван модел воопшто на пазарот на приватни купувачи, односно е шести најпродаван патнички автомобил. Duster е десетти најпродаван автомобил во Франција.

Спортската марка Alpine испорачала близу 3.200 автомобили на францускиот пазар. Единствениот модел А110 учествува со близу една третина во продажбата на купе возила во земјата.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

160
21 shares, 160 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *