142
56 shares, 142 points

Renault City K-Ze на светскиот пазар на електрични автомобили ќе ја одигра истата улога што Dacia ја имаше во спуштањето на ценовниот праг во целата бранша пред две децении. Тоа што минито на батерија стартува од најголемиот пазар во светот е дел од стратегијата, којашто за кусо време ќе овозможи и Европа да го добие овој автомобил по цена што ја менува играта.

Историски важен чекор на Renault во подрачјето на електромобилноста. По Renault Zoe, Kangoo ZE, Master ZE и Twizy, Французите претставуваат уште еден модел што ќе одигра важна улога во електромобилноста. Renault City K-Ze е првиот електричен модел на куќата од А-сегментот и досега шести автомобил со погон на струја на француската марка. Пред половина година, тогашниот шеф Карлос Гон ја одржа премиерата на моделот во Париз.

Светската премиера на сериската верзиај на минито на батерија се случува во Кина, пазарот на кого што Renault му дава највисока важност за натамошниот раст. До 2022 година, локално ќе се произведуваат девет модели, од кои три ќе бидат со погон на струја. Годишната продукција дотогаш треба да достигне 550.000 возила.

Продажбата на Renault City K-ZE во Кина ќе стартува кон крајот на годинава

Автомобилот ќе се произведува во Кина како дел од заедничката инвестиција eGT New Energy меѓу алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi и локалниот производител Dongfeng. Растојанието од 150 mm од подлогата дозволува куси излети надвор од асфалтот. Џафатнината на багажникот од 300 литри заслужува внимание во овој сегмент. „City“ е долг 3,7 метри, меѓуоскиното растојание изнесува 2,42 метри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Капацитетот на батеријата е доволен за досег до 250 километри. При користење брз полнач, батеријата достигнува наполнетост од 80% за само 50 минути, додека при користење на обичен полнач се доволни 4 часови за целосно полнење.

Автомобил без пристап на интернет и поврзување со мобилен телефон е незамислив за Кинезите

Кинезите се опседнати со користење интернет, со преносни уреди и со мобилни апликации, па не изненадува тоа што дисплејот од 8 инчи на допир е дел од стандардната опрема, исто како и пристапот на интернет. Последново е особено важно кога треба да се најде најблискиот полнач.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Сензорите за РМ2,5 и автоматскиот прекин на дотокот на надворешен воздух се вклучени во сериската опрема, имајќи предвид дека голем број градови во Кина уште имаат проблеми со загаденоста на воздухот.

Групацијата не посочува датум за старт на електричното мини во Европа, но е сосем извесно дека верзија на база на City K-Ze ќе биде достапна и тука. Renault вети осум електрични модели на европскиот пазар до 2022 година, како дел од планот „Drive the Future“.

Renault во Париз докажува дека електропогонот е сегашност

Малечкиот Renault Kwid е бестселер за 4.000 евра – само за Индија


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

142
56 shares, 142 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *