за

Renault Captur ќе освојува повторно

Renault Captur
Renault Captur

Втората генерација на Renault Captur ја користи техниката на новиот Clio. Каросеријата порасна многу во споредба со претходникот. Од следната година ќе се нуди и плагин-хибрид.

Renault Captur беше како автомобилска седумка на лото за францускиот производител. Откако се појави во 2013 година, кросоверот се продаде во повеќе од 1,2 милион примероци во 70 држави. Но, во меѓувреме и останатите производители научија дека продажбата на кросовери во сегментот на градските автомобили е многу добар бизнис. Денес речиси нема марка што не нуди модел во овој сегмент. Volkswagen T-Cross е меѓу посвежите модели, а од следната година пристига и Ford Puma.

New item by Automedia MK / Google Photos

Французите ќе го бранат своето место со голема кабина, многу техника и со препознатливиот стил на марката. Диодните светла се вградуваат стандардно, исто како и шините за багаж на покривот. Според Renault, ниту еден дел од претходникот не е задржан. Тоа најмногу се забележува во внатрешноста.

Додека Clio е повеќе умерен во стилот на каросеријата, Renault Captur дотолку повеќе додава во свежина и препознатливост во појавата

Во кокпитот доминира исправен дисплеј од 9,3 инчи и „лебдечка“ средишна конзола, заедно со простор за безжично полнење телефон под неа. Опционалните дигитални инструменти од 10 инчи исто така потекнуваат од Clio. Голема важност им се придава на системите за асистенција, меѓу кои самостојно запирање при опасност, следење лента, радарски темпомат со целосно запирање и повторно поаѓање или камера за мртвите агли.

New item by Automedia MK / Google Photos

Вмрежувањето на возилото ќе биде реалност за идните возачки и возачи на Renault Captur. Системот Renault Easy Link ќе овозможува безжично преземање на нов софтвер, што меѓу другото ќе гарантира дека картите за навигација секогаш се актуелни.

Лизгачка задна клупа дозволува избор на повеќе простор за нозе или поголем багажник

Должината на каросеријата порасна на 4,23 метри, што е за 10,7 сантиметри повеќе од претходникот. Два сантиметри од овој пораст одат во корист на меѓуоскиното растојание, за патниците назад да имаат повеќе простор. Постои можност клупата да се помести наназад, за да се добие простор за нозе како во лимузина. Багажникот порасна за 81 литри, на 536 литри. Приспособлив под се подразбира кај возилата од овој вид.

New item by Automedia MK / Google Photos

Понудата од мотори стартува со трицилиндарецот TCe 100 со 100 КС. Посебна изведба на овој мотор работи на автогас. Следи 1,3-литарски TCe во изведби со 130 и со 155 КС. Има само еден дизел, 1.5 Blue dCi, во изведби со 95 КС и 115 КС. Некои мотори може да се комбинираат со седумстепен менувач со двојна спојка.

New item by Automedia MK / Google Photos

В година ќе стартува плагин-хибриден модел под ознаката E-Tech. Во погонската спрега има два електромотори – еден со 72 КС и еден интегиран стартер-генератор. Заедно со класичниот атмосферски бензинец со 19 КС се постигнуваат произведуваат системски 160 КС. Батеријата има големина од 9,8 киловатчасови, што е доволно за 45 километри според новите норми.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus LC Convertible prototype

Доаѓа Lexus со сонце во сериската опрема

Fiat 500 Dolcevita

Fiat 500 Dolcevita во знак на слаткиот живот во 1950-те