На синоќешната свеченост беше доделено признанието за спортски теренец на 2014 година за Renault Captur. Тој победи со едногласна одлука на жирито во специјалната категорија.
Во рамките на свеченото доделување на наградите на „Автомобил на годината во Македонија“, од синоќа Renault Captur и официјално е носител на титулата на „Спортски теренец на 2014 година во Македонија“.
Во Renault се горди на овој последен модел во класата на популарните спортски теренци и кросовери и ја нагласуваат препознатливоста на француската марка во моделот „Елегантен и отмен, како однатре, така и однадвор, автомобил со типичен карактер и препознатливи гени за Renault”, се зборовите на Симона Николовска, првата дама за односи со јавност и маркетинг во Аутомотив Груп.
Според стручното жири, тоа што најмногу импресионира кај Captur е напредната технологија во моторите и во погонската спрега, која што обезбедува примерна штедливост и заштита на животната средина преку ниска емисија на штетни материи. „Најважно е тоа што основниот модел нуди широк спектар на сериска опрема, а односот на цената и квалитетот е исклучително поволен“, укажуваат понатаму од македонското жири.
Како што доликува на чинот на освојување на престижната титула, по официјалното доделување на наградата за Renault Captur следеше пригодна коктел забава и прославување на ова ценето достигнување на македонскиот пазар.