145
23 shares, 145 points

Renault ќе стартува со продажба на електрични возила со батерија со цврст електролит веќе во 2025 година. Воведувањето на оваа техника во возилата на францускиот производител и на партнерот Nissan ќе претставува дополнителен предизвик за конкурентите.

Според шефот за електричните модели на Renault, Жил Норман, постојан напредок има и кај актуелните литиум-јонски батерии, така што електричните автомобили наскоро ќе имаат споредлива цена со автомобилите со обичен погон.

Алијансата меѓу Renault и Nissan, кадешто сега припаѓа и Mitsubishi, планира првите електрични автомобили со батерии со цврст електролит да ги понуди на пазарот до 2025 година.

Батериите со цврст електролит се поевтини, акумулираат повеќе енергија и се термички стабилни

Новите батерии со цврст електролит постигнуваат голема предност над литиум-јонските батерии од повеќе гледишта. Цената е значително пониска, затоа што место скапиот литиум се користат други материјали. Натаму, при иста големина и тежина, батериите можат да акумулираат многу повеќе енергија, а се одликуваат и со висока температурна стабилност.

Во меѓувреме е постигнат напредок и кај актуелните литиум-јонски батерии. Вкупните трошоци за поседување електричен автомобил (вклучувајќи ја и набавната цена, покрај оперативните трошоци, сервисирањето и опаѓањето на вредноста) би можело да се изедначат со обичните автомобили веќе во почетокот на 2020 година. Тоа значи дека следната генерација на Renault Zoe ќе има исти крајни трошоци по километар и во одреден период на експлоатација како идниот Clio.

Цените во Renault би можеле да се изедначат порано, но купувачите секогаш бараат повеќе километри отколку пониска цена

Кај моделите од повисоките класи ќе бидат потребни уште неколку години додека се постигне оваа изедначеност. Причина за тоа се батериите со значително повисок капацитет и соодветно повисока цена. Во компакт класата, „реми“ во поглед на трошоците ќе следи околу 2025 година. Renault би можел да ја спушти цената уште порано, но купувачите повеќе се интересираат за подолг досег, отколку за пониска цена.

Цената за 1 киловатчас батериски капацитет ќе се намали за околу 30 проценти до 2020 година. Поевтинуваат и електромоторите, поради поголемата продукција. Нивната цена до крајот на деценијата ќе се намали за 20 проценти. Друга предност на алијансата меѓу Renault и Nissan е користењето заеднички платформи. Тоа овозможува заштеда од 40 проценти во трошоците за развој на новите електрични модели, како и за една третина пониски трошоци за производство.

Renault и Dacia со историски рекорд од 3,8 милиони продадени возила

Renault Zoe најеколошки користен автомобил според What Car

Renault пушта такси-возила без возач

Renault Kangoo Z.E. доставува товар возејќи на батерии

Alpine A110: Автомобилот што (ниту) Renault не ќе го направеше подобро


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
23 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743