за

Renault по 33-ти пат официјален превозник на „Златна палма“

Над тристотини возила од Renault ќе бидат автомобилски ѕвезди на претстојниот филмски фестивал во Кан. Главен меѓу нив е знаменосецот Talisman, кој во меѓувреме освои и една мошне „убава“ титула.

Renault Talisman се очекува на црвениот тепих на годинешниот филмски фестивал во Кан. Знаменосецот на француската марка е официјално возило на фестивалот и ќе ги придружува членовите на жирито и ѕвездите од филмското платно до скалите пред Палатата на фестивалот. Како официјален партнер во изминативе 33 години, Renault ќе обезбеди над 300 возила, украсени пригодно со „златната палма“. Возниот парк ќе биде составен од 160 примероци од лимузината Renault Talisman и 150 примероци од кросоверот Espace. Јавноста ќе има можност да ги испроба новите генерации на Megane и Kadjar, како и електричниот двосед Twizy.

Лимузината на Renault ќе продефилира на настанот и како носител на титулата „Најубав автомобил“ за минатата година, во онлајн-гласањето на 125.000 корисници во Европа, за време на Меѓународниот автомобилски фестивал во Париз. Renault Talisman стартуваше со продажба во минатиот јули и се издвојува во конкуренцијата со просторната кабина и како единствен автомобил во средната класа кој располага со опција за управување на сите четири тркала и приспособливо подвозје.

Историјата на Renault е тесно поврзана со филмот уште од почетоците во 1895 година. Фабриките на француската марка во тоа време биле лоцирани непосредно до филмските студија во Биланкор. Оттогаш, Renault е партнер на водечките филмски фестивали во светот. Секоја година, групацијата испорачува возен парк од 40 возила за телевизиски и филмски продукции.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Десет милиони автомобили на Toyota произведени во Европа

Skoda Superb отсега го полни мобилниот телефон без кабел