за

Renault има страст за живот: Нов слоган на Французите

Новиот слоган на Renault ја прикажува страста со којашто француската марка се труди секојдневниот живот на клиентите да го направи подобар.

Со официјалниот старт на продажбата на новата генерација на Espace, француската марка го воведе новиот слоган „Renault – Страст за живот“, сакајќи на тој начин да го нагласи емотивниот дизајн на обновената понуда од модели. Досегашниот слоган „Drive the change“ или буквално „вози ја промената“, не беше особено разбирлив, наспроти легендарната реченица „Автомобили за живот“ од 1990-те години, во чијашто суштина се наоѓаше човекот.

Французите на овој начин сигнализираат дека повторно го „откриваат“ купувачот и настојуваат да понудат соодветно возило за секое поглавје од животот на клиентите, коешто е приспособено за секојдневните потреби, го олеснува животот зад волан, па дури го збогатува секојдневието, на пример со мултимедискиот систем R-Link, со бројните системи за асистенција, или пак, со системот Multi-Sense за приспособување на возилото според желбите и потребите, како во новиот Espace.

По пример на репозиционирањето на логото на марката во маската на возилата, ромбот на Renault повеќе нема да биде на жолта основа, туку жолтата боја ќе биде присутна речиси незабележливо преку жолтата лента од десната страна покрај слоганот. На крајот на април ќе следува објавување и на новиот корпоративен идентитет за целата групација Renault, вклучувајќи ги марките Dacia и Samsung Motors.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW S 1000 XR стартуваше со производство

Honda HR-V меѓу најштедливите модели во класата