Колку ќе беше здодевно да не постоеја автомобилските марки. Renault осмисли оригинален концепт на забава што започна во Париз, а ќе следи во уште три гранцуски градови. Концептот: „Зароби“ и забавувај.
Captur the Night е името на уникатниот концепт којшто привично се реализираше во Париз, а наскоро ќе следи и во Лил, Лион и Тулуз. Замислата е на учесниците да им се понуди уживање во возбудливи авантури од 19:30 часот до раните утрински часови. Captur, инаку, е хиперпопуларниот кросовер на Renault, што креативците на марката го искористија за слободни варијации на тема „capture“, англиски збор за „зароби“.
Во промотивниот филм што ќе биде прикажан на 22-ри октомври, тринаесетмина лица се „заробени“ во Париз и пуштени во авантура полна со изненадувања до рани зони, вклучувајќи приватен концерт на Села Сју на париските мансарди, интимна вечера во кујната на прочуената готвачка Стефани Ле Квелек, како и трка со го-карт во супермаркет, заедно со комичарот и поранешен тркач Стефанде Грот.
На 30-ти октомври во Лил, на 6-ти ноември во Лион и на 13-ти ноември во Тулуз, 250 среќници ќе добијат шанса да доживеат незаборавна вечер. За добивање шанса за учество, сепак мора да се присуствува во овие француски градови и да се фотографира еден од 15-те примероци на Renault Captur што ќе кружат промотивно по улиците на градот, за потоа фотографиите да се постираат на www.capturthenight.fr.
Никој нема да забележи доколку и македонскиот Renault спроведе слично „заробување“ по улиците во нашите градови.