за

Renault започна наградна игра на Facebook

Renault лансираше наградна игра на својата интернационална страница на Facebook во рамките на промоцијата на новиот Twingo. Наградата е патување за двајца во Париз.

Денес француската марка го стартуваше гласањето за избор на најдобрата од осумте номинирани фотоновели преку апликацијата на својата страница на Facebook. Сценаријата на фотоновелите се одвиваат во Париз, Лондон, Милано и Амстердам и беа избрани врз основа на поклопувањето со агилноста, подвижноста и темпераментот на новиот градски автомобил Renault Twingo.

Фановите што ќе гласаат на интернационалната страница на Facebook на Renault ќе учествуваат во извлекувањето на 5-те добитници што како награда ќе добијат повеќедневна туристичка посета на Париз во октомври, секако со користење на новиот Twingo како дел од наградата.

Како дел од промотивната кампања за новиот Twingo, Renault организираше натпревар за заедницата WeLoveWords, за пишување на сценарио за фотоновела во коешто новото Twingo ќе биде прикажано во несекојдневни ситуации во еден од четирите европски градови. Жирито на натпреварот избра осум од 15 сценарија што пристигнаа преку интернет страницата welovewords.com. Избраните сценарија потоа беа илустрирани и сега се најдоа на гласање на страницата на Facebook на Renault, во завршната фаза на натпреварот, во која што ќе се избира победничкото сценарио.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Maserati Ghibli ќе добие мотор со преку 560 КС

Вака изгледа внатрешноста на новата Skoda Fabia