130
18 shares, 130 points

Французите самоуверено најавуваат дека со новиот Megane RS во јуни ќе го вратат рекордот на најбрз автомобил со преден погон на Нирбургринг, кој сега му припаѓа на Seat Leon Cupra 280.

Renault објави фотографија на фејсбук профилот која што непогрешливо укажува на заклучокот дека марката жедна за тркачки авантури наскоро ќе го лови повторно рекордот на Нирбургринг за автомобили со преден погон. Новиот Megane RS има цел да ја извози легендарната 20-километарска патека во Германија за помалку од 8 минути. На втората фотографија е прикажан детал од издувот на новиот тркач на Французите, на кого се забележува логото на Akrapovic, словенска фирма специјализирана за спортски издув и моментно испорачател на издувот за Clio RS200 Turbo.

За поставувањето на новиот рекорд Renault ќе користи фабрички тјунирана изведба на Megane RS 265, којашто вообичаено ќе се понуди во ограничена серија примероци. Актуелниот рекорд го држи Seat Leon Cupra 280, со време од 7:58,40 минути и просечна брзина од близу 156 километри на час. Освен издув, Megane ќе користи и спортски пневматици од Michelin,како и подвозје со амортизација од специјалистот Ohlins. Обидот за поставување нов рекорд ќе се одржи на 16-ти јуни.

Трката за рекордот нема да заврши со обидот на Renault. Во последните неколку недели на патеката е забележана специјално модифицирана верзија на Golf GTI, а обид најави и Honda со новиот Civic Type R, чиј старт се очекува в година.

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

130
18 shares, 130 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *