за

Како Range Rover Velar стана најомразенот автомобил во Британија?

Како Range Rover Velar стана најомразенот автомобил во Британија?
Како Range Rover Velar стана најомразенот автомобил во Британија?

Во истражување меѓу 43.000 сопственици на автомобили, што го спроведе британскиот магазин Which?, најмногу поплаки од клиентите имало за Range Rover Velar. Магазинот што ги штити правата на потрошувачите му ја додели титулата на „најразочарувачки автомобил“ на овој скап СУВ.

Британците имаат одлична смисла за хумор, но имаат и уште подобра способност да ја согледаат реалноста. Во истражување што ги опфати искуствата на повеќе од 43.000 купувачи на нови автомобили во Велика Британија, најголемо незадоволство искажале сопствениците на Range Rover Velar. Возачите на престижниот СУВ најчесто се жалеле на проблематичната електрика, на лошата видливост наназад и на „бедната“ издржливост. Во оваа категорија се земаат оцените на сопственици на возила стари до три години.

Во оцената од магазинот што секоја година го реализира ова истражување, се наведува: „Кога ќе се плати толку скапо за модел од луксузна марка, нормално е човек да очекува дека на тој начин си обезбедува неговото возачкото секојдневие да биде поштедено од секакви вознемирувања. Но, со тоа нема да се сложат возачите на автомобили од некои марки“.

Организацијата што има за цел да ги заштити и предупреди потрошувачите од неквалитетни производи или каков било вид измама на британскиот пазар и пошироко, во објавата со резултатите од истражувањето продолжува: „Разочарувачки е тоа што Range Rover Velar заостанува како автомобил чијшто сопственици се најмалку задоволни, во конкуренција со сите останати нови автомобили во истражувањето.“

Колку што Range Rover Velar се покажува во лошо светло, толку Alfa Romeo Giulia се покажува во најдобра форма

На спротивниот крај на оваа листа, односно на врвот на задоволство на клиентите, се наоѓа марка што го носи товарот дека не произведува автомобили кои се особено издржливи. Станува збор за Alfa Romeo Giulia, којашто чини најмалку 10.000 фунти помалку од Range Rover, но затоа нејзините сопственици се најзадоволни. Тие особено ги ценат моќноста и возните својства.

LEXUS GS

Во категоријата на автомобили постари од три години, не е изненадување тоа што моделот пристига од марката Lexus, која традиционално минува одлично во анкетите од овој вид, во коишто се оценуваат издржливоста и квалитетната изработка. Конкретно станува збор за Lexus GS (2012-2018), за кого сопствениците дадоа најдобри оцени, иако моделот не се продава веќе две години. Тој во исто време е победник и во конкуренција на хибридни, како и меѓу користените автомобили.

Revealed: the cars with the happiest owners

Моделот на дното на листата е Opel Meriva (2003-2010). Сопствениците на овој модел (Vauxhall на тамошниот пазар) најмногу се жалеле за отсуството на префинетост, за слабите перформанси и дебелите столбови што ја попречуваат прегледноста.

Порано автомобилите беа многу поиздржливи?

Порано автомобилите беа многу поиздржливи
Порано автомобилите беа многу поиздржливи

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Четири камиони Mercedes Actros превезуваа резервоар од 175 тони

Четири камиони Mercedes Actros превезуваа резервоар од 175 тони

Addmotor Велосипедите на струја се добри за лов

Велосипедите на струја се добри за … лов!