за

Range Rover Sport постави рекорд на Нирбургринг

Новиот Range Rover Sport SVR постави нов рекорд за спортски теренци на патеката Нирбургринг. Најмоќниот Land Rover ја мина 22-километарската патека за 8 минути и 14 секунди.

Тест возачот на британската марка го постигна новото најдобро време зад воланот на претсерискиот модел од новиот Range Rover Sport SVR, каде што се вршат завршни подготовки пред стартот на продажбата во почетокот на следната година. Петлитарскиот мотор V8 со механички компресор во SVR постигнува моќност од 550 КС, што е 40 КС повеќе од актуелниот топ модел. Производителите задолжително тестираат на патеката Нирбургринг, каде што се нудат одличн услови за завршно дотерување на возните својства и на управливоста.

Цел на Land Rover е со Range Rover Sport SVR да понуди СУВ со нагласен спортски карактер, по пример на Porsche Cayenne, без притоа да се нарушува балансот меѓу високиот комфор во возење којшто е карактеристичен за моделот и својствата при возење на терен. Исто како и останатите модели од гамата, Range Rover Sport SVR поседува теренска редукција за совладување на потежок терен, како и можност за понирање во вода до длабочина од 85 сантиметри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Sport R.S. 01: Новиот тркач на Французите

На Mazda ѝ претстои рекордна година