за ,

Range Rover Pick-Up: Од готово вересија

Позната тјунерска работилница изработи автомобил што е апсолутен кич според европскиот вкус, но затоа за него би можело да се најдат многу купувачи на истокот. Премиера на „благородниот“ пикап на салонот во Шангај.

Британскиот благородник се претвори во работна машина. Тјунерската работилница Startech изработи пикап од Range Rover којшто ќе биде прикажан на салонот во Шангај на 22-ри април. Трансформацијата сепак не беше толку едноставна. Точно 100 каросериски делови од алуминиум, карбон и челик се изработени посебно за пикапот. Големината на кабината не се промени, дури остана и големиот сончев покрив. Товарната површина е обложена со пластика и долга е 110 сантиметри. Се разбира дека задниот капак се спушта со далечинско или со притискање копче во кокпитот, по што се добиваат дополнителни 60 сантиметри за товарење. Целта на оваа фирма што е дел од познатиот Brabus, е со пикапот да ги привлече првенствено купувачите од арапските земји, коишто го користат отворениот товарен простор за сместување на големите кафези за нивните соколи за лов.

[quote_box_left]Има и финта. Луксузните автомобили во многу држави во светот се даночат со високи давачки и увозни царини. Range Rover со трансформацијата во „товарно возило“ повеќе не подлежи на тие давачки[/quote_box_left]

Под хаубата работи петлитарски V8 со механички компресор и 526 КС. Забрзувањето до сто трае 5,3 секунди, а крајната брзина е ограничена на 250 километри на час. Пикапот може да се добие и со сите други мотори што ги поседува Range, исто како и со секаква боја на каросерија и изведба на ентериер каква што ќе замисли и посака сопственикот.

Преработката опфаќа и проширување на крилата и модифициран преден браник, ковани бандажи од 23 инчи, пневматска амортизација што може да го спушти пикапот за три сантиметри. Назад исто така има браник со променет изглед, двојни издувни цевки, како и дифузор од карбон. Даночното „олеснување“ повторно се релативизира со цената на тјунерскиот третман во Startech. Пикапот чини многу повеќе од 120.000 евра, колку што е цената на стандардниот Range Rover со петлитарец.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Macan му носи рекордни продажби на Porsche

Volvo ќе го претстави најлуксузниот модел во историјата во Шангај