за

Range Rover Hybrid LWB: Повеќе простор, помалку гориво

Британците веќе го нудат Range Rover со продолжена каросерија, а постои и модел со хибриден погон. Единствено преостана двата модела да се спојат во едно. Премиера на салонот во Пекинг.

Кинезите сакаат кога автомобилите се долги, но ги почитуваат и современите погонски технологии. Оттука, единствениот логичен потег на Land Rover беше да ја спои продолжената каросериска изведба на Range Rover со дизелскиот хибрид и да го понуди моделот како премиера на салонот во Пекинг.

Погонската спрега ја сочинуваат трилитарски турбодизел со 292 КС и електромотор со 48 КС, што дава системска моќност од 340 КС и вртежен момент од 700 њутнметри. За преносот на сила служи автоматик со осум степени. На батерии може да се вози до два километри, со брзина до 48 километри на час. Фабричката потрошувачка на хибридниот Range Rover LWB изнесува 6,4 литри.

Каросеријата на моделот е продолжена за 14 сантиметри во споредба со стандардниот модел, за повеќе простор на задната клупа. Место класична клупа, за назад може да се нарачаат и две одделни седишта за уште поголем комфор во возењето.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

GM вложува половина милијарда евра во електрични возила

60-годишнина на Alfa Romeo Giulietta