151
20 shares, 151 points

Еден автомобил за секаква пригода и за секакво уживање. Браншата веќе нуди такви модели, но секогаш има простор за нешто ново. Кабролет-теренец на пример, од премиум марка.

Уште малку па половина милион. Толку примероци досега се имаат продадено од компактниот теренец Range Rover Evoque. Впечатливиот дизајн со остри линии и силуета на купе секако дека придонесе за големиот успех на моделот што оздола сé уште е стариот Freelander. Настрана ефектот од името Range Rover. На британската марка едноставно ѝ успева што и да направи. Зошто тогаш да не изведе и кабриолет од Evoque, кога и линијата спие за нешто такво.

Range Rover Evoque Convertible е круна во моделската понуда на бестселерот и прв е во светот кој настапува како кабриолет изведен од премиум теренец од компакт класата. Пред него беше кабриолетот од Nissan Murano, кој вистина и не се покажа како многу успешен, па затоа и марката се откажа од него по само една генерација.

Како премиум марка, Range Rover има обврска да иновира и тоа успева одлично. Мала е веројатноста дека конкурентските марки ќе го следат чекорот со кабриолетот од Evoque
Како премиум марка, Range Rover има обврска да иновира и тоа успева одлично. Мала е веројатноста дека конкурентските марки ќе го следат чекорот со кабриолетот од Evoque

Проблемот при изведување кабриолет од теренско возило е во ослабувањето на каросериската структура со симнувањето на покривот. Затоа и од Land Rover нагласуваат дека особено внимание е посветено на задржувањето на потребната цврстина, во услови кога каросеријата е изложена на поголеми оптоварувања при возењето по терен. Evoque е кабриолет, но е сепак и теренско возило. Од друга страна, кабриолетите имаат традиција кај теренскиот специјалист, иако кај Defender е многу поедноставно да се симне покривот, затоа што каросеријата сепак се потпира на носечка шасија и возилото ќе стои и без каросерија.

Според Гери Мекговерн, главен за дизајнот и за креативноста во Land Rover, Range Rover Evoque Convertible е „автомобил за сите годишни времиња. Неговиот единствен дизајн и напредната техника го прават најатрактивен нов член во семејството на Range Rover“. Во следните пет години се очекува глобалната продажба на спортски теренци да се зголеми за 20 проценти. Британците ќе се приклучат на овој пазарен бум со новиот кабриолет. Името со 45-годишна традиција дополнително им дава кредибилитет.

Најголем и најширок платнен покрив во целата автомобилска бранша

Дизајнерите се горди на тоа што возилото со платнениот покрив ја задржува силуетата на купе-теренецот Evoque. Тоа го овозможува преклопувањето на покривот во форма на буквата Z. Дополнително, платнениот покрив на Evoque Convertible е најголем и најширок во браншата, што значи дека е поголем и од оној кај кабриолетот од класата S на Mercedes.

Собирањето на покривот трае 18 секунди, додека за затворање се потребни три секунди повеќе, при што возилото може да се движи со брзина до 48 km/h, односно 30 милји на час. Звучната изолација на покривот се грижи нивото на бучава во кабината да биде на исто ниво како кај стандардната верзија на Evoque. Покривот не одзема премногу простор за складирање, па останува и пристоен багажник со зафатнина од 251 литри.

Jaguar Land Rover предничи со системите за поврзување со преносни уреди во автомобилот

Новитет во ентериерот е дисплејот од 10,2 инчи, кој со доплата може да се комбинира со InControl Touch Pro, со беспрекорно поврзување со паметен телефон, пристап на 3G и со совршен звук. Безбедноста е задача на двата алуминиумски лака сокриени одзади, кои при превртување се активираат за само 90 милисекунди и ги штитат патниците од повреда.

range rover evoque convertible 257248835 (2)Моторите се исти како во обичниот Evoque: Бензински Si4 со зафатнина од два литри, турбонатполнење и 240 КС, и исто така дволитарски дизел, со моќност од 180 КС. Обата мотора потекнуваат од новата генерација мотори, со алуминиумска конструкција и посебен акцент на штедливоста. Во погонската спрега се користат истите системи како во затворената каросериска изведба, односно Terrain Response, систем Wade Sensing при минување преку река или напредниот All Terrain Progress Control.

Evoque Convertible е достапен во нивоата SD Dynamic и HSE Dynamic, со стартна цена од 51.200 евра на германскиот пазар, вклучувајќи Terrain Response, 9-степен автоматик, кожени седишта, алу-бандажи од 18 инчи, паркинг сензори напред и назад, двозонска автоматска клима, дисплеј од 10,2 инчи и озвучување со моќност од 380 вати.

Land Rover го произведува новиот кабриолет заедно со верзиите со три и со пет врати во фабриката во Хејлвуд, во Британија. Продажбата на над 170 пазари во светот стартува напролет.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
20 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format