за

Range Rover Evoque најпопуларен автомобил во премиер лигата

Range Rover Evoque

Фудбалерите во премиер лигата заработуваат најмалку по два милиони фунти годишно, но остануваат скромни при изборот на автомобил. Во нивните гаражи најчесто се наоѓа Range Rover Evoque. Покрај останатите. Фирма што ги снабдува богатите и славните со соодветен превоз открива и други детали.

Range Rover Evoque е на врвот на списокот од луксузни автомобили во сопственост на фудбалерите во Премиер лигата. Англиска фирма чијашто клиентела се познатите и богатите, открива список од десет автомобили што во последниве две години биле најчест избор меѓу фудбалерите. Уште еден интересен детал. Овие автомобили обично се купуваат преку некој од начините на финансирање што ги нуди фирмата JBR.

Range Rover Evoque редовно е дел од возниот парк на фудбалерите

Тоа што Range Rover Evoque е на врвот на листата не е изненадување. Фудбалерите обично поседуваат возни паркови, вклучувајќи и спонзорски „донации“. Evoque е само еден од многуте автомобили. Реалната ситуација ја покажуваат останатите автомобили на Топ 10: Два модела на Lamborghini, McLaren 675LT, Ferrari F12, Porsche 911, но и скапоцено тјунерско парче Onyx G6, како преработена верзија на Mercedes GLE Coupe.

Најпопуларните 10 модели меѓу фудбалерите во последните две години:

  1. Range Rover Evoque
  2. Lamborghini Aventador
  3. Mercedes-Benz Onyx G6 GLE Coupe
  4. Bentley Continental GT
  5. Ferrari F12 Berlinetta
  6. Lamborghini Huracan
  7. Jeep Wrangler Kahn Sahara
  8. Porsche 911 GTS
  9. Bentley Bentayga
  10. McLaren 675LT Spider

Не се малку случаите кога во гаражите на ѕвездите од Премиер лигата се наоѓаат по неколку модели од оваа листа. Изненадувањето е во тоа што богатите спортисти сепак се решаваат за кредит при купувањето автомобил, без разлика дали станува збор за Evoque од 30 илјади фунти или десетпати поскапо Lambo.

Како што откриваат од JBR, не е тешко да се продаде автомобил на фудбалер: „Кога првпат ќе видат некој автомобил, тие веднаш сакаат да го купат.“ Сите сакаат, тие можат, тоа е разликата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nissan leaf supertest adac

Батериите на Nissan Leaf по пет години „држат“ само 90 километри

Honda NSX GT3

Половина милион евра за Honda NSX GT3 за приватни тркачи