за

Range Rover ја докажа теренската супериорност по „Континенталната Вододелница“

Land Rover ја одбележа 25-годишнината од авантуристичкото возење по Континенталната вододелница во Колорадо. Овој предел е еден од најтешките во светот за совладување со теренски возила.

Во 1989 година Land Rover се впушти во амбициозна авантура да ја совлада најтешката делница од Континенталната Вододелница во Колорадо, САД. Караван од возила Range Rover тогаш успеаја да се пробијат по овој исклучително тежок терен во „Експедицијата на големата вододелница“. Четвртина век подоцна, Land Rover повторно се впушти во авантура, во знак на одбележување на јубилејот од овој легендарен потфат, со колона од девет возила Range Rover на рута во должина од околу 1.600 километри. Деветте возила беа без какви било посебни модификации, вклучувајќи го и Range Rover Classic, ветеранот од првата експедиција.

По „Големата Вододелница“ се провлекуваат најтешките земјени патеки за теренски возила во Северна Америка, со минување преку цела серија врвови во Карпестите Планини, од кои повеќето се високи и преку 4.000 метри. Како изгледаше совладувањето на ова рута погледнете во нашата галерија:

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Часовник од Bulgari за стотиот роденден на Maserati

Сите новитети на Kia во Париз (1): Sorento