за

Range Rover со 155 километри на час по патека за скијачки спуст

Мајсторот за спектакли го има следниот одушевувачки подвиг. Range Rover овојпат избра патека за скијачки спустови, не која било, туку патеката во Швајцарија по којашто се вози легендарниот „Инферно Мурен“. За подвигот беше ангажиран и соодветна возачка ѕвезда: Стиг од оригиналниот Топ Гир.

Брзини до 155 километри на час, висинска разлика од 2.170 метри и спустови по надолнини до 75 проценти – не остана нешто што Range Rover Sport не успеа да го мине на последниот во серијата спектакуларни подвизи. Сето ова се случуваше на една од најпредизвикувачките патеки за скијачки спустови, на легендарната Мурен во Швајцарија, кадешто секоја година се одржува „пеколната трка“.

Секако дека Range Rover Sport е првото сериско возило во светот што се пуштило по оваа патека. Зад воланот беше Бен Колинс, познат како „Стиг“ од оригиналната серија „Топ Гир“, кој патеката долга 14,9 километри ја мина за 21 минута и 36 секунди. Совладувајќи висинска разлика од 2.170 метри и верно следејќи ја рутата на „Инферно Мурен“, Колинс се соочи со сите можни услови, од снег и мраз, преку чакал, трева и раскршен асфалт, до кал. Тие пречки Range Rover веќе одамна ги има совладано. По спустот, Колинс изјави: „Ова сигурно е најтешката патека што ја имам совладано во животот.“ Зарем смее да биде понаку?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla завршува со „доживотно“ бесплатната струја

Volkswagen Crafter во посета кај најдобрите занаетчии во Европа