Пазар

Qashqai стана најпроизведуван модел на Nissan во Европа

Nissan произведе повеќе примероци од кросоверот Qashqai во Европа отколку од кој било друг модел во последните три децении. Досега рекордот го држеше Micra.

Продукцијата на популарниот кросовер во фабриката на Nissan во Велика Британија го надмина досегашниот рекорд на Micra, со 2.368.705 произведени примероци за помалку од десет години. Во целата историја на британската автоиндустрија не постои друг автомобил што за толку кус период успеал да ја надмине бројката од 2 милиони произведени примероци.

Qashqai го надмина рекордот што досега го држеше Micra со близу 2,4 милиони произведени примероци за 18 години
Qashqai го надмина рекордот што досега го држеше Micra со близу 2,4 милиони произведени примероци за 18 години

Ваквиот експресен успех на Qashqai се должи на фактот што моделот создаде комплетно нов сегмент на возила при неговата пазарна премиера во 2010 година и придонесе значително за зголемувањето на уделот на Nissan на европскиот пазар. Qashqai е најпродаван модел на марката во Европа и воопшто најпродаван кросовер на континентот. Марката го направи вистинскиот чекор со тоа што им препушти на дизајнерите и инженерите во центрите на Nissan во Велика Британија да го развијат овој модел.

Во Сандерленд дневно се произведуваат по 1.200 примероци од Qashqai, што значи дека нов примерок излегува на секои 62 секунди или вкупно 58 возила на секој час. Лани во септември, втората генерација на Qashqai постави рекорд како модел од британска продукција што за најкусо време ја надминал бројката од половина милион возила.

Не е случајно тоа што Nissan избра Qashqai да биде прв модел што од следната година ќе биде достапен со технологијата за автономно возење на марката. Во почетната фаза, автомобилот ќе може да ја користи оваа технологија во услови на густ сообраќај по автопат.

Во Сандерленд моментно се произведуваат кросоверите Qashqai и Juke, електричниот Leaf, Note и Infiniti Q30. Актуелната Micra пристига за европскиот пазар од фабриката на Nissan во Индија. Следната година пристига новата генерација на моделот, чиешто производство ќе се одвива во Франција.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729