157
20 shares, 157 points

Мирисот на чад од цигари може да ја намали вредноста на возилото при неговата продажба. Пушачите обично мислат дека со малку потемелно чистење се отстрануваат трагите, но тие што избегнуваат контакт со чадот веднаш ќе го почувствуваат мирисот што им е непријатен.

Автомобилот во когошто се пушело, може да изгуби многу од вредноста, кога ќе се однесе на процена кај дилер на користени возила или при директна продажба. Покрај тоа што миризбата на цигарите и тутунот е многу подолготрајна отколку што ценат пушачите, во возилата може да се предизвика и физичка штета, на пример од паѓање жар врз седиштата или теписонот. Штети во арматурната табла, во просторот околу пепелникот, исто така не се исклучени.

Уживателите во тутунот обично сметаат дека може да ја отстранат миризбата со обичен освежувач, со фамозниот миризлив бор. Но, искусен дилер на користени возила, прво што ќе забележи кај возилото е дали се чувствува миризба на тутун и дали има оштетувања во возилото предизвикани од цигари. Пред да го понуди возилото на продажба, дилерот ќе мора добро да го подготви истото, вклучувајќи отстранување на миризбата, а тоа чини. Затоа и откупната цена на возилото ќе биде многу под очекувањата на сопственикот.

Честичките чад навлегуваат во материјалот и нивното отстранување може да биде многу посложено отколку што се мисли; Голем проблем претставува и мирисот од климатизацијата била вклучена додека се пушело во возилото

Чистењето може да чини и педесетина евра, но тоа не гарантира дека кабината ќе мириса пријатно. Во бројни случаи мора да се отстранува платнениот материјал во кабината или таванската облога, а тоа е комплицирано и скапо. Доколку не се работи за престижен автомобил кој вреди неколку десетици илјади евра, таквата постапка е бесмислена.

Чадот од тутунот навлегува во материјалот и во системот за вентилација и климатизација. За честичките од чадот да се отстранат оттаму, потребно е да се ангажира специјалист, како за материјалите во кабината, така и за клима уредот.

Секако дека вредноста се намалува уште толку, кога има оштетувања во арматурната табла или во платнените и кожени облоги. Некои дилери дури одбиваат да откупат автомобил што го возел хроничен пушач.

Решението е едноставно, барем така ценат тие што не пушат. Единствено е потребно возачот или сопатниците да се воздржат од пушење додека се наоѓаат во возилото.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
20 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *