за

Автомобилите на Peugeot во 2020 година буквално ќе ги слушаат наредбите од возачот

peugeot soundhound

PSA, групацијата на Peugeot, склучи стратешко партнерство со SoundHound, стартап од Силиконската Долина, чијшто софтвер ќе овозможи возачот и патниците буквално да разговараат со својот автомобил

Следната генерација модели од групацијата PSA ќе располага со врвната технологија на SoundHound, стартап компанија од Силинонската Долина. Станува збор за водечко име во развојот и примената на вештачка интелигенција, вклучувајќи распознавање нормален говор.

peugeot soundhound 1

Технологијата наречена „Deep Meaning Understanding“ е единственото решение коешто може брзо да одговара на повеќе прашања поставени во една реченица, слично како човек. Инженерите на SoundHound во следниот период ќе ги приспособуваат алгоритмите на најбрзата технологија за распознавање говор во светот, со цел возачите и патниците да можат да комуницираат преку говор со автомобилите од групацијата, односно со моделите од марките Peugeot, Citroen, DS и Opel.

Возачите во следната генерација модели на Peugeot ќе можат да управуваат со многубројни функции во возилото преку едноставна говорна комуникација

Таканаречениот дигитален личен асистент ќе може самостојно да извршува цела низа задачи, акко пронаоѓање ресторан што одговара на одредени барања (на пример да работи во недела навечер), како и да активира функции на возилото и да вклучува услуги преку интернет. Со една команда, возачот ќе може да ја мести температурата, брзината на вентилацијата или правецот на струење на воздухот во кабината.

Во следните две години, групацијата PSA ќе претстави неколку врвни технологии за конверзација, со цел на корисниците да им понуди единствен и ефикасен кориснички интерфејс. Напредниот систем за говорни команди ќе го поедностави ракувањето со автомобилот и воедно ќе придонесе за поголема безбедност.

peugeot soundhound 2

Peugeot 508 против Volkswagen Arteon на споредбен тест на Ауто Билд

АДАК го тестираше новиот Peugeot 508

PEUGEOT 508 SW ги става СУВ-фановите на мисла

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford RS 50 години, Ford 20 M RS 1968

Пред половина век почна да вози првиот Ford RS

LEGO Technic Bugatt Chiron naslovna

Овој Bugatti Chiron има 2.304 мотори и постигнува 20 km/h