165
26 shares, 165 points

Португалецот имаше голем придонес во разработката на стратегијата за спас на Opel, којашто беше изготвена за само сто денови. PSA во минатото лето ја откупи германската марка од General Motors. Под американскиот концерн, Opel имаше загуба од една милијарда евра во последниве две децении.

Михаел Лошелер, новиот шеф на Opel, го претстави планот за санирање на германската марка во минатиот ноември, под името Pace. Планот предвидува Opel да почне да работи со оперативна маржа од 2 проценти до 2020 година. Тоа ќе се постигне со скусување на трошоците за 700 евра по автомобил, користење заеднички компоненти и услуги со PSA во вредност од околу една милијарда евра и подобрување на противвредноста на моделите на Opel, како и со спуштање на границата на рентабилното производство на 800 илјади автомобили годишно.

Opel повторно имаше зголемена загуба за последните пет месеци од минатата година

Под претходниот шеф Карл-Томас Нојман, Opel ја намали загубата на околу 250 милиони евра во 2016 година. Лошелер ја презеде неговата функција лани во јуни. Во последниот финансиски извештај на групацијaта PSA беше објавено дека Opel во последните пет месеци од минатата година остварил загуба од 179 милиони евра.

Opel Senator пред 40 години им ги мрсеше конците на Mercedes & Co

Од историјата на Opel: На почеток сите беа кабриолети

Француското трио што се прослави со комфорот пред 50 години

Акционерите на крајот на април ќе гласаат за годишната плата на Таварес во висина од 6,68 милиони евра, што е за околу два милиони повеќе отколку во 2016 година. Освен бонусот за ангажманот околу санацијата за Opel, Португалецот ќе добие и 130.000 акции во вкупна вредност од два милиони евра.

Шефот на PSA со пет марки не заработува повеќе од клегите од конкурентските концерни

Шефот на францускиот концерн е помалку платен за својата работа од неговите колеги во конкурентските концерни. Карлос Гон, шефот на Renault, пред две години беше награден со седум милиони евра, Матијас Милер од групацијата Volkswagen со 10 милиони евра, Харалд Кригер (BMW Group) со 7,5 милиони евра, додека Дитер Цече (Daimler) ја предводи листата со 13 милиони евра за 2016 година.

Американските шефови сепак заработуваат уште повеќе. Џим Хакет од Ford заработил 17 милиони долари лани (13,8 милиони евра), додека Мери Бара од General Motors била наградена со дури 23 милиони долари (18,7 милиони евра) за 2016 година. Серџо Маркијоне, првиот човек на Fiat Chrysler, исто така не заостанува премногу, со 12 милиони долари (околу 10 милиони евра) за ланската година. За споредба, Акио Тојода, претседателот на Toyota, за 2016 година добил само три милиони долари.

Кинеските газди на Volvo оствариле заработка од 12 милијарди евра

Електричниот i3 не му носи доволно заработка на BMW

Skoda лани ја зголемила заработката за една третина

Ексклузивните марки со рекордни заработки од продажбата на возила


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

165
26 shares, 165 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743