за

Во Канада леташе првиот патнички авион на струја

прв лет патнички електричен авион
прв лет патнички електричен авион

Во Ванкувер полета првиот патнички авион во светот со електричен погон. Конструкторите ценат дека тоа е почеток на ерата на летање со електрични авиони.

Првиот патнички авион со електричен погон успешно го мина својот девствен лет. Хидроавионот од типот DHC-2, произведен во 1947 година од De Havilland Beaver и приспособен за електричен погон, полета од аеродромот во Ванкувер во присуство на стотина љубопитни гледачи и сврте круг по течението на реката Фрејзер. Во електричниот авион пилотираше шефот на компанијата Harbour Air, Грег Мекдугал.

Електричниот погон со моќност од околу 750 КС е конструиран во инженската фирма magniX од Сиетл, САД. Според Рој Ганзарски, шеф на компанијата, со овој момент се означи „почетокот на ерата на електричните летови“. Ова претставува доказ дека комерцијалните летови со електричен погон се изводливи.

Целта на Мекдугал е компанијата Harbour Air целата флота од 40 хидроавиони да ја префрли на електричен погон. Тој не гледа причина зошто би планирал поинаку. Покрај тоа што се постигнува неколкутратна заштеда во оперативните трошоци, односно во горивото, се заштедува и на сервисирање, затоа што електромоторите имаат минимална потреба за редовно одржување. Пред да започне сериското производство на електричниот погон ќе следат уште неколку тестирања, со цел да се потврди издржливоста и безбедноста. Покрај тоа мора да се чека и одобрение од властите.

Канадскиот министер за сообраќај Марк Гарно цени дека електричниот авион може да постави нов тренд во насока на аеронаутика што не ѝ наштетува на животната средина. Според Комисијата за животна средина на ЕУ, од сите видови сообраќај, воздушниот најмногу ѝ наштетува на животната средина, со 285 грами СО2 по патник и по километар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota gr yaris

Оваа Toyota Yaris порачува „Grrrrrrrrr….“

Hyndai Nexo rekord vodorod

Рекордно растојание со погон на водород: 778 километри со едно полнење