138
25 shares, 138 points

Нивото на масло во моторот треба да се проверува редовно и во текот на зимата. При долевањето, треба единствено да се внимава моторното масло да не биде премногу студено додека моторот уште е загреан.

Многумина возачи ја прескокнуваат проверката на нивото на масло во моторот кога температурите се под нулата. Секако дека и во текот на зимата треба да се внимава на подмачкувањето. Надворешната температура не менува ништо во тој поглед. Но, треба да се избегнува, студено моторно масло, коешто стоело во незагревана гаража, да се долева во загреан мотор.

Не преполнувајте над ознаката за максимално ниво на моторно масло

Нивото на масло не се проверува веднаш по гаснењето на моторот. Секако дека е основно возилото да се наоѓа на хоризонтална подлога. Најдобро е проверката да се изврши при полнењето гориво во резевоарот. Пред проверката е доволно да се причека околу пет минути, додека слегне моторното масло. Нивото на масло треба да се наоѓа меѓу ознаката за максимално и минимално ниво. Во прирачникот за користење на возилото обично се наведени количините на масло во моторот, коишто одговараат на знаците на мерачот.

При дополнувањето не смее да се долее премногу моторно масло. Тоа е штетно од повеќе аспекти, меѓу другото и за заптивките на моторот. Покрај тоа, постои опасност да се создава пена, којашто ќе предизвика отстранување на тенкиот филм масло.

Вискозноста нема ништо заедничко со квалитетот на моторното масло

Кое моторно масло одговара за одреден мотор? За тоа е најдобро да се погледне белешката од последната промена на масло. За изборот на масло, најправилно е да се побара масло чијшто спецификации одговараат на препораките на производителот на возилото. Овие препораки се наведени во прирачникот за користење на возилото и на самите налепници на амбалажата на маслото. Тоа се ознаки како VW 507 00 или BMW Longlife-04. Најдобро е да не се менува марката на моторното масло, затоа што секој производител обично користи различен пакет адитиви.

Вискозноста се однесува на течливоста на одредена течност

Вискозноста е важен фактор, но подеднакво е важно од какви компоненти се состои моторното масло, во поглед на базните масла и адитивите. Тоа значи дека масло 5W-30 може да ја има вистинската класа на вискозност за моторот, но тоа не значи и дека маслото ги исполнува сите барања на производителот.

Многумина погрешно ја толкуваат класата на вискозност и ја помешуваат со одобренијата на производителот на автомобилот. Вискозноста се користи заради исразување на течливоста на одредена течност. Жилаво како мед или течно како вода – тоа се примери за висока или ниска вискозност. Повеќеподрачните масла ги исполнуваат обете барања, што значи дека го гарантираат неопходното подмачкување во широко температурно подрачје.

Избор од останати содржини на Automedia околу моторното масло

На ова треба да се внимава при изборот на моторното масло

За лесен старт зиме не заборавајте го моторното масло

Тест на моторни масла: Добрите масла не мора да се скапи!

Купувањето адитиви за масло е губење пари

Што треба да се знае за акумулаторот на возилото

Купување користено возило: Листа на проверки на Automedia


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
25 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *