за

Германски еко-активисти: „Запрете ги експериментите на автоиндустријата врз луѓето“

протести еко-активисти, загадувањето од возилата

Германските активисти за заштита на животната средина бараат чист воздух и крај на измамите околу издувните гасови. Тие нагласуваат дека заштитата на здравјето е поважна од интересите за профит на автомобилската индустрија.

Борци за заштита на животната средина протестираа за чист воздух во градовите пред средбата на канцеларката Ангела Меркел со министрите. Под мотото „Запрете ги секојдневните експерименти на автоиндустријата врз луѓето, активистите носеа големи лабораториски етикети, транспаренти и мајмунски маски.

На дел од транспарентите беше напишано „Volkswagen, BMW, Daimler: Ние не сме вашите опитни мајмуни“, како реакција на последното поглавје на дизел скандалот. Германските медиуми неодамна открија дека производителите на автомобили финасиски подржувале експерименти врз мајмуни и луѓе, коишто биле изложувани на влијание на издувни гасови.

Во повеќе од 70 германски градови е регистрирана превисока аерозагаденост лани

Во текот на минатата година, во повеќе од 70 германски градови е регистрирано значајно надминување на дозволената граница за азотни оксиди. Екологистите бараат од германската влада подобра заштита на луѓето од штетните влијанија ја азотните оксиди коишто ги испуштаат возилата со дизел мотор.

„Труењето на милиони лица со азотен диоксид, поради отсуството на катализатори и недозволените уреди за регулација мора веднаш да заврши. Автоиндустријата со години нé злоупотребуваше сите нас во неконтролиран масовен експеримент, како лабораториски зајци. ЦДУ, ЦСУ и СПД мораат да решат дали и понатаму ќе го подржуваат труењето со издувните гасови од дизел моторите или конечно ќе го запрат истото во корист на здравјето на луѓето.“ Герд Лотзипен, експерт на Сообраќајниот клуб на Германија

Според сознанијата на Европската агенција за животна средина, само во Германија секоја година предвремено умираат над 12.000 лица, поради зголемените вредности на NO2 во воздухот. Главен предизвикувач на загаденоста со штетниот гас во градовите се патничките автомобили со дизел мотор. И покрај овие сознанија, продолжува продажбата на возила со дизел мотор, кои неколкукратно ги пречекоруваат граничните вредности за издувни гасови во Европа. Доколку итно не преземе мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, на Германија сосем извесно ѝ следува тужба од Комисијата на ЕУ.

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Дебатата за иднината на автомобилизмот започнува од МАНУ

Овие автомобили се шампиони во загадување на животната средина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota prius prius phev mirai

Toyota лани продала над 1,5 милион хибридни автомобили

porsche mission e

Porsche вложува шест милијарди евра во електрични автомобили