165
23 shares, 165 points

Пролетта е пред врата. Сонцето не „гризе“, време е велосипедот да се врати во форма. Но, неговата состојба прво треба да се подготви за новата сезона, што на многумина им е мачна работа. Тоа не важи за вистинските љубители. За нив, чистењето на велосипедот е задоволство и оди лесно. Со овие десет чекори, пролетната подготовка е комплетна.

Почнете навреме, што значи порано од сите

велосипед пролетна подготовка 1

Договорено е турата да стартува в недела, точно напладне. Лоша идеја е велосипедот да се извади од подрум во пет до дванаесет. Важно е велосипедот да се провери навреме, за да остане време за непредвидените поправки. Дуќаните исто така треба да се отворени, доколку треба да се набави некој резервен дел, масло или средство за чистење. Во случај кога поправката трае подолго, треба да се договори и термин во сервис. Но, на почетокот на сезоната сите сакаат да го однесат велосипедот во сервис, па затоа и треба долго да се чека.

Нараквици и кецела не се само за нежни души

велосипед пролетна подготовка 4

Чистењето на велосипедот е валкана работа. Прстите и дланките не мора прво да се извалкаат, па да се чистат со агресивни детергенти. Доволно е да се навлечат нараквици за еднократна употреба или евтини нараквици за домаќинство. За облеката да се заштити од нечистотии, масла и масти, не е на одмет да се облече и работна кецела.

Чистење на велосипедот

велосипед пролетна подготовка 6

Грубите валканици најдобро се отстрануваат со четка, а за потешко достапните места ќе послужи и стара четка за заби или четка за боење. Во специјализираните дуќани може да се најде и комплет со четири четки: За рамката, за синџирот, за оските и универзална. Велосипедот потоа се чисти со млака вода и отпорна крпа. Дуќаните денес нудат специјални средства коишто се биолошки разградливи – тоа е веќе избор по лично убедување. Познавачите строго избегнуваат чистење со млаз под висок притисок. Постои опасност млазот да ги втисне нечистотијата и водата во лежиштата, што потоа ќе доведе до нивно оштетување. Чистењето сепак е дозволено доколку силината на млазот се регулира.

Чистење и подмачкување на синџирот

велосипед пролетна подготовка 9

Синџирот се чисти наједноставно кога ќе се провлече низ сува крпа. За погруби нечистотии постои специјална четка за синџир, со најлонски влакна кои се распоредени на тој начин што е полесно чистењето на синџирот, на задните и предните запченици. Дуќаните и за овој случај нудат сет од средство за чистење и специјална четка, со којашто средството се нанесува директно во тесните меѓупростори. Основниот слој маст не се отстранува на овој начин. По чистењето следи подмачкување. По толку мака, не треба да се избере што било. Најдобро е околу изборот да се посоветувате во дуќан. Околу 100 милилитри квалитетно средство за подмачкување чинат околу 8 евра. Вишокот маст треба да се отстрани, затоа што е магнет за нечистотијата.

Проверка на гумите

велосипед пролетна подготовка 11

Не се случило еднаш, продупчена гума да ја уништи турата. За тоа да се спречи, потребна е редовна проверка. Треба да се провери дали страните на гумите станале крти и покажуваат пукнатини и дали има оштетувања од скршено стакло, клинци или трње. Добро е при оваа пригода да се провери и состојбата на бандажите и жиците. Кој сака да вози на сигурна карта, добар избор се Schwalbe Marathon Plus, по цена од околу 40 евра за парче.

Правилен притисок во гумите

велосипед пролетна подготовка 10

Полесно се вози кога е правилен притисокот во гумите – и помала е шансата за продупчување. На класичната проверка со палец не треба да се верува премногу, подобро е притисокот да се измери. За тоа е добар прецизен мерач на притисок (околу 20 евра) или ножна пумпа со манометар (поквалитетните чинат околу 60 евра). Минималниот и максималниот притисок на воздух се наведени странично на гумите.

Проверка на сопирачките

велосипед пролетна подготовка 5

Истрошените сопирачки облоги треба да се заменат навреме. Кај механичките обрачни сопирачки постојат жлебови во облогите коишто ја покажуваат истрошеноста. Доколку нема жлебови, облогите се за менување. Недвојбен знак за истрошеност е чкрипењето. Диск-сопирачките денес се чести. Специјални средства за чистење сопирачки (реалната цена е околу 9 евра за 300 милилитри) ги отстрануваат струганиците од сопирање, како и остатоците од масло и маст. При сомнежи околу работата на сопирачките, во сервисот ќе знаат најдобро. За сите хидраулични сопирачки е потребно редовно одржување, а тоа значи и редовна проверка во сервис.

Проверка и местење на светлата

велосипед пролетна подготовка 7

Светлата не служат само за велосипедистите да гледаат подобро пред себе, туку многу повеќе за да бидат забележани од останатите велосипедисти, пешаците и возачите. Затоа, доброто светло не е тема за вистинските велосипедисти. Доколку светлото не работи, не треба да се заборави и проверка на каблите и контактите. Откако постојат диодните светилки, прегорувањето на „сијалицата“ е историја. Современите и солидни диодни светла траат подолго од велосипедот, но затоа и чинат околу 100 евра.

Проверете ги навојните врски

велосипед пролетна подготовка 2

Пред завршетокот на подготовката треба да се проверат уште завртките и навртките на сите важни делови, како на носачот на воланот, на самиот волан, на педалите и на запчениците. За тоа е доволна мулти-алатка (обично околу 25 евра), со којашто брзо ќе се стегнат сите споеви. Но, внимателно при стегањето, затоа што постои опасност од оштетување. Во упатството за велосипедите од поквалитетните марки обично се наведува правилниот вртежен момент на затегнување.

Полирањето не е само заради убавина

велосипед пролетна подготовка 8

На самиот крај следи полирање. Секако дека целта не е велосипедот да свети, туку повеќе е за заштита. Исполираните површини се заштитуваат од УВ-зраците, тенкиот слој од политурата служи како конзервација. Половина литар специјална течност за полирање треба да чини околу 20 евра. Останува уште велосипедот да се избрише со крпа со микровлакна, којашто не остава траги и ја собира преостанатата влажност.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

165
23 shares, 165 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743