за

Десет производители ќе платат 3,3 млрд. € казна поради СО2

Десет производители ќе платат 3,3 млрд. € казна поради СО2
Десет производители ќе платат 3,3 млрд. € казна поради СО2

Десет производители на автомобили во 2021 година ќе ѝ платат на Комисијата на ЕУ повеќе од три милијарди евра казна, поради пречекорување на дозволената емисија на СО2. Така проценија консултантите од Deloitte.

Според студијата на познатата консултантска куќа Deloitte, десет производители на автомобили в година ќе се соочат со казна во вкупна висина од 3,3 милијарди евра, поради превисоките вредности на емисијата на СО2. Експертите ценат дека краткорочните зафати, како што се дополнителни попусти за возилата со електричен погон или за моделите со особено ниска емисија на СО2, нема да ги поштедат производителите од казните од Комисијата на ЕУ. Десетте производители не се именуваат во студијата.

Емисијата на СО2 од новите возила во ЕУ лани изнесувала просечно 108 грами по километар. Од јануари, ЕУ пропишува максимално 95 грами, заради заштита на климата. За автомобилите од повисоките класи, со повисока тежина, се дозволува мало надминување на оваа вредност.

Пет проценти од продадените автомобили со највисока потрошувачка, а со тоа и највисока емисија, годинава уште може да бидат исклучени од пресметката на просечната вредност на СО2

Производителите годинава имаат можност, пет проценти од продадените автомобили со највисока емисија на СО2 да ги исклучат при пресметката на просекот за СО2. Но, овој своевиден „вентил“ повеќе нема да важи в година. Тогаш за секој грам СО2 над дозволената вредност ќе се наплаќаат по 95 евра, за секој продаден автомобил. До 2030 година, ЕУ постепено ќе ја намалува граничната вредност до 59 грами СО2 од километар.

Тревата по каросеријата на „студискиот“ smart пречистува 7 килограми СО2 од атмосферскиот воздух за една година

Студијата на Deloitte предвидува дека уделот на плагин-хибриди и електрични автомобили во бројот на новорегистрирани автомобили во Унијата ќе се зголеми на 11 проценти годинава, а потоа на 34 проценти до 2026 година.

Во СУВ-моделите масовно ќе се воведува плагин-хибриден или електричен погон

Уделот на СУВ-моделите ќе се зголеми на 41 проценти. Два од секои пет автомобили од овој сегмент што ужива голема популарност ќе поседуваат плагин-хибриден или електричен погон. Наспроти тоа, во класичните сегменти, уделот на овие возила ќе изнесува 32 проценти.

Топ 20 Производители според емисија на СО2
(пресметано според продадените возила, важи за ЕУ-18, независно од студијата на Deloitte)
New item by Automedia MK / Google Photos

„Маржите кај големите СУВ-модели се високи. Со воведување електричен погон во овие модели, производителите практично ќе утепаат две муви со еден удар“, објанува студијата.

На концерните им претстои долгогодишна битка со лимитите за СО2. Производителите на автомобили можат да избираат дали на ЕУ ќе ѝ плаќаат високи казни за СО2 или ќе продаваат електрични автомобили по цени што не носат заработка. Тоа ќе се смени откако електричните автомобили ќе почнат да постигнуваат повисок удел во продажбата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како Volvo направи неговите автомобили да бидат унисекс-безбедни

Како Volvo направи неговите автомобили да бидат унисекс-безбедни

продажба автомобили кина

Пад од 80 проценти во февруарската продажба на автомобили во Кина