156
20 shares, 156 points

Пазарните познавачи предупредуваат дека доаѓаат лоши времиња за европските производители на автомобили. На само шест месеци пред воведувањето на новите норми за издувни гасови, индустријата може да се соочи со 34 милијарди евра казна, како и со смален профит поради растечката продажба на електрични автомобили. Еден производител е веќе подготвен. Мала помош: Тој е шампион во хибридниот погон.

Од 1-ви јануари 2020 година, на производителите на автомобили ќе се соочуваат со строги ограничувања за емисијата на СО2, сметано за целиот возен парк што тие го произведуваат. ЕУ постави генерален лимит од 95 грами СО2, кој понатаму се пресметува според сложена процедура, одделно за секој производител, зависно меѓу другото и од тежината на автомобилите.

Во следните шест месеци е сосем извесно дека производителите ќе воведат модели што ќе го подобрат нивниот СО2- биланс, но казните пак нема да се избегнат

Производителите панично се подготвуваат за радикалните промени, а тие што ќе ги пречекорат ограничувањата, ќе се обидат да најдат нови пазари надвор од Европа и таму да ја концентрираат својата продажба. Во спротивно, индустријата се соочува со енормни казни, кои сметано само за најголемите производители, може да достигнат вкупно 34 милијарди евра.

Емисијата на СО2 на новите автомобили беше долго време во опаѓање, но потоа почна СУВ-трендот и вредностите повторно почнаа да растат; Дополнително зголемување доаѓа и од преоѓањето на новата и пореална норма WLTP

Но, постојат и други проблеми. Продажбата на возила веќе извесно време опаѓа на главните светски пазари, а во исто време и САД врши притисоци врз трговијата со Кина и со ЕУ, заканувајќи се со воведување високи царини. Сето тоа ја потресува глобалната економија.

Производителите на премиум производители не успеаја да ги одвратат купувачите од моделите со моќни мотори и голема тежина, што им го расипуваат билансот на СО2. Тоа се модели како Mercedes-AMG GLE 63 S, кои имаат трипати повисока емисија на СО2 од лимитот од 95 g/km што ќе важи од следната година.

За Toyota не менува ништо стапувањетго во сила на построгите норми и стравувањето од скапи казни; До почетокот на 2020 година Toyota веројатно ќе ја смали просечната емисија далеку под 95-те грами СО2 на километар

Некои производители, сепак немаат причина за загриженост. Наспроти 9,19 милијарди евра што концернот Volkswagen треба да ги плати кон ЕУ, доколку не се сменат сегашните вредности за просечната емисија на СО2 за цел возен парк, евентуалната еко-казна за концернот Toyota би изнесувала „само“ 550 милиони евра или 17 пати помалку.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
20 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *