за

Забавувањето на авто пазарот ги погодува и производителите на чипови

Забавувањето на авто пазарот ги погодува и производителите на чипови

Пазарот на полупроводници во некои бранши напредува, во други бележи пад. Аналитичарите предвидуваат дека производителите на чипови ќе се соочат со голем пад на побарувачката од страна на автомобилската индустрија.

Корона-кризата ги погодува и производителите на електронски компоненти. Пазарните познавачи предвидуваат дека во некои бранши, побарувачката за електронски делови ќе се зголеми за десетина проценти, додека во други бранши претстои намалување на бизнисот до 27 проценти. Овие заклучоци произлегуваат од истражувањето на реномираните консултанти McKinsey.

За целиот пазар на процесори, кој лани достигна вкупно 400 милијарди американски долари, годинава се очекува да се намали меѓу пет до 15 проценти.

Според прогнозата, најмногу ќе биде погоден секторот на безжична комуникација, односно првенствено паметните телефони. Следниот сектор што ќе трпи многу е испораката на електронски компоненти во автомобилското производство. Најлошото сценарио предвидува намалување на бизнисот за 26, односно 27 проценти.

Најголемиот сектор, кадешто спаѓаат полупроводници за компјутери и сервери, според сценариото ќе остане стабилен или ќе се смали само незначително. Во делот на чиповите за индустриско вградување, како и во забавната и белата техника, се очекуваат нешто поголеми падови.

Единствено најмалиот сектор може да искористи од актуелната ситуација со корона-кризата. Тоа е делот на кабелската комуникација, кој се предвидува да порасне за осум до 11 проценти. Причината е тоа што фирмите мора да инвестираат повеќе во безбедноста, откако голем дел од вработените ги извршува своите обврски од домот. Дополнително на тоа, расте и продажбата на рутери.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бумот во домашните испораки ги „напна“ товарните велосипеди на струја

Бумот во домашните испораки ги „напна“ велосипедите на струја

Volkswagen Caddy 4 генерации

Volkswagen Caddy: Пет генерации на транспортерот што пренесе пола свет