за

Единствено кинескиот автомобилски пазар со раст во мај

Единствено кинескиот автомобилски пазар со раст во мај
Единствено кинескиот автомобилски пазар со раст во мај

Корона-пандемијата и во мај предизвика голем пад во продажбата на автомобилските пазари ширум светот, исто како во март и април. Во Европа (ЕУ 27, ЕФТА и Велика Британија), пазарот се скусил за повеќе од половина, а за околу една третина се смалил пазарот во САД. Во Кина, каде што беа повлечени голем број од мерките против ширењето на корона-вирусот, по блису две години повторно е забележано зголемување на продажбата на автомобили.

Во Европа во мај биле регистрирани 623.800 нови патнички автомобили или за 57% помалку од истиот месец лани. Петте најголеми пазари и натаму имаат драстичен пад, но не во историски рекордна мера како во април. Во Германија (-49 проценти), Франција (-50 проценти) и Италија (-50 проценти) новите регистрации се преполовиле во мај. Во Шпанија, пазарот се скусил за речиси три четрвтини (-73%). Најголем минус има Велика Британија, со само 20.200 нови возила во мај (–89%). На европскиот автомобилски пазар во првите пет месеци се продадени вкупно 4,0 милиони возила или за 43% помалку од истиот период лани.

Кинескиот пазар првпат по подолго време бележи раст. Со 1,6 милион продадени нови возила, пазарот во минатиот месец таму се зголемил за 6 проценти. Билансот од почетокот на годината покажува 6,0 милиони возила, односно минус 27 проценти.

Пазарот во САД во мај имал пад од 30 проценти, вклучувајќи ги и пикапите. Вкупно се продадени 1,1 милион возила. Продажбата на патничките автомобили се намалила за 44%, додека кај пикапите и СУВ-возилата минусот е 24 проценти. За пет месеци, во САД се продадени 5,3 милиони возила или 23% помалку од истиот период лани.

Јапонскиот пазар регистрирал 174.400 патнички автомобили во мај или 47% помалку од лани. Тоа е најниска месечна продажба во последните девет години. До мај во земјата се продадени повеќе од 1,5 милион возила, што е за една петина помалку од периодот од јануари до мај лани.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

McLaren 720S Coupe 25 Anniversary Le Mans

McLaren 720S Coupe се присетува на триумфот во Леман

Турбината во Mercedes-AMG работи на струја

Турбината во Mercedes-AMG работи на струја