за

Русите ја зголемија продажбата на автомобили во март

Русите ја зголемија продажбата на автомобили во март
Русите ја зголемија продажбата на автомобили во март

Целиот светски пазар на автомобили е во мирување поради кризата од корона. Русија нема да биде исклучок, но во минатиот месец се случуваше нешто посебно на автомобилскиот пазар во земјата. Продажбата нагло се зголеми.

Во март веќе се покажа обемот со којшто актуелната ситуација влијае врз автомобилскиот пазар. Продажбата на најголемиот пазар во Европа, на германскиот, опадна за две петини, додека во некои јужноевропски држави, таа се намали и до 80 проценти. Во Македонија, во првите два месеци се увезоа вкупно 974 нови патнички автомобили, наспроти 884 автомобили во истиот период лани, што покажува раст од десетина проценти. Но, веќе во статистиката за март ќе се покаже значително намалување и на нашиот пазар.

Продажбата се очекува да заживее повторно по извесно време откако ќе се стабилизира ситуацијата по кризата од корона, особено ако се земе предвид дека попустите што неколку марки ги објавија ќе продолжат да важат и потоа. Голема е неизвесноста, но економските последици од кризата секако дека ќе предизвикаат и намалување на купувачката моќ.

Големата девалвација на рубљата доведе до зголемување на продажбата на автомобили

Русите, пак, знаеја однапред дека во иднина ќе им биде помала можноста да купат нов автомобил. Големиот пад на вредноста на руската рубља, наведе голем дел од народот да донесе брза одлука. Можно е да мине долго време, додека цената на автомобилите во земјата се врати на нивото од првите месеци од годинава. Поради тоа, продажбата на патнички автомобили на големиот пазар, во март се зголеми за 23 проценти, во споредба со истиот месец лани.

Kia Rio Sedan Rusija
Лимузинската изведба на Kia Rio е најпродаваниот „не-лада“  автомобил во Русија

Во руската статистика по одделни марки, патничките автомобили сепак не се одвоени од доставните возила, туку двете категории возила се водат заедно. Но, доволно е да се добие претстава за пазарните трендови во земјата.

Најпродавана марка во март е Avtovaz (Lada) со 32.808 возила (патнички и доставни) или 3% помалку од истиот месец лани. Втора е Kia, со 19.808 возила и +1%, додека третото место му припаѓа на Hyundai со 15.813 возила и пад од 3 проценти. Toyota најмногу искористила од наглото зголемување на продажбата во Русија, со 12.587 продадени возила или +36%. Skoda исто така се држи солидно, со околу 10.000 возила во март и дури +42%. Меѓу „добитниците“ спаѓа и Mercedes – инаку десетта најпродавана марка во Русија! – со зголемување од 33 проценти.

Кинеските марки продаваат одлично на рускиот пазар, подобро и од неколку француски марки

Тоа што е посебно интересно се високите продажби на кинеските марки, без разлика дали станува збор за Haval – престижната СУВ-марка на Great Wall – со 1.559 возила (+187%), Geely (935 возила, +45%), Chery (815, +89%) или Changan (573, +462%). Овие марки постигнуваат подобра продажба од Peugeot, Citroen, Jeep или Jaguar.

Вкупно во март биле продадени 162.312 патнички и доставни возила (+4,0%) на рускиот пазар, односно продажбата во првиот квартал достигнала 398.650 возила (+1,8%).

Kia Rio или најпродаваниот автомобил во Русија, што не е Lada

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

skoda citigo-e iv електрични автомобили

Електричната Skoda се распродаде за два месеци во Британија

Центарот на VW во Касел продолжува со испорака на резервни делови

Центарот на VW во Касел продолжува со испорака на резервни делови