за

Во мај продадени 274 нови автомобили во Македонија

Во првиот месец од разлабавувањето на ограничувањата за движење поради пандемијата, на македонскиот пазар се продадоа 274 нови патнички автомобили и доставни возила. Вкупно годинава, по нашите патишта пристигнале 1.776 нови лесни возила.

Toyota го задржува шампионското место и во мај, со вкупно 27 испорачани возила на македонските возачки и возачи. На второто место е Citroen со 23 возила, трета е Kia со 21 автомобили. Водечката петорка во убавиот пролетен месец ја комплетирале Renault со 20 примероци и Skoda со вкупно 19 возила од својата моделска гама.

Тоа дава вкупно 274 возила или за 56,4 проценти помалку во споредба со мај лани, односно 23,9 проценти помалку продадени возила (1.776) во првите пет месеци од годинава, отколку во истиот период лани. Падот сосем јасно беше предизвикан од пандемијата и општото смирување на секакви активности, а во поглед на обемот на смалувањето на пазарот, тоа е во согласност со општите рамки во регионот и пошироко.

Меѓу доставните возила, најпродавана марка е Fiat со 13 возила, по него е Citroen со 8 возила. Вкупно во мај биле испорачани 40 автомобили од овој сегмент. Некои компании донираа возила за интервентните служби во борба против пандемијата, тие бројки веројатно се содржани со мајската статистика.

Најпродавани марки во мај лани: Volkswagen (65), Ford (56),  Škoda (55), Toyota (50), Opel (47). Вкупната продажба на нови патнички автомобили тогаш  достигнала 556 возила

Статистичката обработка на продажбата на нови автомобили во Македонија е крајно неблагодарна работа, имајќи предвид дека како редакција имаме пристап до комплетни статистики за продажбата во Германија, Италија или Мексико, но не и за нашиот пазар, кадешто податоците од необјасниви причини, во голем дел остануваат тајни за медиумите.

Зачудува целосното остуство на возила од марките Peugeot и Ford во продажбата за годинава

Поради воопштените податоци, може да се донесат погрешни заклучоци дека одреден модел е најпродаван, иако не се разграничува колку во неговата продажба учествуваат испораките на службени возила за компаниите и институциите (и наградните игри), а колку од продажбата отпаѓа на приватни возила. Исто така не е точно посочено колку од возилата завршуваат како реекспорт. Како врв на целата оваа неивесност, односно повеќе веројатно како револт од организацијата на статистичката обработка, некои марки воопшто не доставуваат податоци за продажбата. Значи, македонски автомобилски пазар.

>>> На македонскиот пазар во април продадени 137 нови автомобили

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi ќе постави 38 полначи на тренинг-стадионот на Баерн

Audi ќе постави 38 полначи на тренинг-стадионот на Баерн

Volkswagen Golf R ќе вози со 320 КС

Volkswagen Golf R ќе вози со 320 КС, стартот се ближи